• Latest
Владо Мисајловски, ВМРО-ДПМНЕ (фото извор: ФБ профил на Мисајловски)

КАРИЕРА ВО КОЈА БРАТОТ Е ГЛАВЕН „ЖИРАНТ“: Владо Мисајловски, од примерен спортист до политичар во сенката на Мијалков

March 20, 2024
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
Креирано со помош на ВИ

Славење на руските „успеси“ во македонските и регионалните медиуми

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

КАРИЕРА ВО КОЈА БРАТОТ Е ГЛАВЕН „ЖИРАНТ“: Владо Мисајловски, од примерен спортист до политичар во сенката на Мијалков

March 20, 2024 16:24
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Владо Мисајловски, ВМРО-ДПМНЕ (фото извор: ФБ профил на Мисајловски)

Владо Мисајловски, ВМРО-ДПМНЕ (фото извор: ФБ профил на Мисајловски)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори во изборната единица 2, ќе биде Владо Мисајловски, политичар со големи прескоци на кариерниот распоредот на неговата партија.
  • Од примерен спортист на неговата општина стигна да биде и министер за транспорт и врски, за потоа да му биде симнат „чинот“.
  • Ќе биде запаметен по тоа што непосредно пред два претходни избори – во 2017 и 2020 година имаше пожари во неговиот дом и фурната на татко му. За едниот од пожарите имаше и обвинување од негова страна дека се работи за подметнат експлозив. Оваа теза никогаш не се докажа.

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

ЦИВИЛ

Иако за Владо Мисајловски од Ѓорче Петров во неговата населба се врзуваат многу приказни, пред сè, за неговата прескакулица од еден во друг спорт (сепак, ништо спектакуларно), па тој така станува локален претставник со доволна биографија. Овој носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2 е врзан за своето место на живеење. Таа позиција ја имаше и на претходните парламентарни избори, а беше и кандидат на локалните избори во 2017 година, кога убедливо изгуби од противкандидатот од СДСМ.

Мисајловски (39) има завршено на Факултет за општествени науки на Универзитетот на ЈИЕ (попознат како Штуловиот). Пред да стане министер, Мисајловски бил вработен како помлад соработник во Кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија, за потоа да ја извршува функцијата министер за транспорт и врски. Ова секако беше крупен скок за почетник во политиката, но неговиот експресен пат до министерска фотелја е објаснив ако се погледа поширокото семејно милје.

Имено, токму кога Владо Мисајловски стана министер во мај 2015 година, неговиот брат Ацо се повлече од сопствеништвото на екстремно вмровскиот портал „Курир“, познат и по донациите од надвор. Дали е тоа некој вид компензација или само маскирање на она што стои во бекстејџот на овој скок во кариерата на Владо?

Нов газда на порталот станува дотогашниот уредник Саше Стојановски. Но тоа е само врвот на ледениот брег. Новиот сопственик, Стојановски во исто време е и сопственик на телевизијата „Канал еден“ од Велес, што ја купил кон крајот на декември 2014 година. Претходно, сопственик на оваа телевизија била фирмата НВСП, чиј газда е Владислав Стајковиќ.

Тоа е крупно, иако затскриено име на подземната држава во земјава. Да потсетиме дека НВСП се спомнуваше и во аудио разговорите на опозициската СДСМ („бомбите на Заев“) каде се договара фирма преку која треба да се „провре“ провизијата од договорот со Израелците за опрема на прислушкување.

Тоа е дил меѓу НВСП и Секјурити Груп Сервисис (СГС). Вторава потоа добива голем број тендери за обезбедување, а за која „бомбите“ обелоденија разговори со кои се тврди дека зад фирмата стои поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

НВСП беше формален сопственик и на „Радио Слободна Македонија“  која по појавувањето собра 50 отсто од вкупните пари кои одеа претходно на сите радио станици во зермјава! Всушност, беше форма преку која ќе се плаќаат ликовите како што се Миленко Неделковски, Јанко Илковски, Ивица Боцевски, Тања Каракамишева и други. Има тука уште еден правен субјект кој го држи НВСП а тоа е „Три телевизија ДООЕЛ Куманово.“

Владислав Стајковиќ е сопственик на споменатата НСВП кој е воедно и директор на „Мобико“, фирмата на кумашинот на Сашо Мијалков – Жарко Луковски, инаку генерален директор на Т-Мобиле Македонија (почина во 2019 година). Дали сега се осветлува барем малку амбиентот и заднината на ненадејниот подем на Мисајловски? И фактот дека, освен што беше министер, беше и државен секретар во МНР!? Без ден минат во дипломатијата.

И дека сето тоа нема врска со приказните од скопскиот асфалт дека Кендо, како што го викаат во Ѓорче (или локално Џорче). Те играл фудбал во „Кокта“, па баскет, те бил фајтер…

Едно време бил и советник за меѓународна политика (туф, туф!) во Општина Центар, кога во ек беше антиквизацијата на градот.

Факт е дека онаму каде што зад нето не стоела сенката на Мијалков и другите моќници, односно каде што требало да оди „еден на еден“ како во трката за градоначалник на Ѓорче Петров во 2017 година, му донесе чист пораз од кандидатот на СДСМ.

Не предизвика ветар во неговиот грб ниту кога изби пожар во фурната на татко му на 3 октомври 2017 година. Идентична ситуација имаше пред изборите во јули, 2020-та, кога на 21 јуни таа година одново имаше пожар во споменатата фурна. Владо Мисајловски тогаш изјави дека се работи за подметнат експлозив. Иако тогаш министер за внатрешни беше Чулев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата не покажа ништо!

На локалните избори во 2021 победи ВМРО-ДПМНЕ, но со друг кандидат, не со Мисајловски. Пожар тогаш немаше!


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

Политичкиот аналитичар и ветеран во македонското новинарство, Љубомир Костовски, кој воедно е и главен уредник на онлајн политичкиот магазин „Глобус“, специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ, подготви серија политички профили на носителите на изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ, најавени како ВИВИСЕКЦИЈА. Претходно, ЦИВИЛ го објави политичкиот профил на Дафина Стојаноска: МЕЃУ МОРАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ И ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ