• Latest

Касами: Избори на 5 јули, не можеме да бидеме заложници на одредени политички партии

May 31, 2020

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Касами: Избори на 5 јули, не можеме да бидеме заложници на одредени политички партии

May 31, 2020 16:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во седиштето на Движењето Беса во Тетово се одржа координативна средба на кандидатите за пратеници на заедничката предизборна коалиција со СДСМ за изборната единица 6. Лидерот на Беса, Биљал Касами истакна дека поради пандемијата и препораките на СЗО состојбата со Ковид-19 ќе потрае, потребно е продолжување на изборниот процес кој беше прекинат во март со политички консензус.

-Имајќи предвид дека нашите здравствени институции се подготвени за справување со болеста, верувам дека е подигнато нивото на свест да се справивме со болеста. Секако имаше и своја цена во човечки животи, но има и економска цена која ќе се покаже во иднина. Цениме дека сме во друга критична фаза и дека мислам дека е дојдено време да се продолжи изборниот процес во рамки на уставните можности, рече Касами.

Тој истака дека ја поздрава одлуката за да се продолжи за две седмици вонредната состојба.

-Имајќи предвид дека техничката Влада за организација на изборите го нема целосниот мандат да се справи со кризата, граѓаните го немаат единстевнениот механизам да ги контролираат Владата и Собранието. Ние оценуваме дека што поскоро треба да има избори за граѓаните да имаат свои претставници во Собранието и да ја контролираат Владата. Мора да има политичка Влада поради фактот што министерот за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ нема политичка одговорност. Ако имавме политичка Влада полесно ќе се справевме со здравствените и економски последици од кризата, рече Касами.

Фаница Николовска од СДСМ која е втора на кандидатската листа рече дека по завршување на вонредната состојба ништо не може да го заштити здравјето на граѓаните од целосно функционални институции, како ново Собрание и Влада.

-Институции со полн легитимитет ослободени од политички кочници и калкулации на ВМРО-ДПМНЕ. Зголемиот број на болни се должи на саботажите и крајно неодговорно однесување Чулев и менторот Мицкоски. Наќе Чулев наместо да се грижи за здравјето на граѓаните не презема соодветни мерки и со тоа го загрозува здравјето и го саботира системот. 22 после вонредна состојба е 5 јули и тогаш треба да се одржаат избори. Друг правен механизам нема, рече Николовска.

Таа посочи дека сите барања за друг термин се несериозно.

-Не смееме да го загрозиме правото на граѓаните на избор, ниту правото на летен годишен одмор. Избори на есен се опасна идеја и за здравството и за економијата. Државата не може да продолжи да функционира со техничка Влада и без парламент. Секој кој сака да ги одложи изборите сака да ја продолжи кризата и не им посакува добро на граѓаните, рече Николовска.

На новинарско прашање што ако продолжи зголемување на бројот на заболени во Тетово, за каде сегашниот министер за здравство не предвидел нови мерки, одговорот на Касами беше дека одговроноста е во политичките лидери.

– Во ситуацијата во која се наоѓаме не можеме да бидеме или останеме заложници на определени политички партии или хирови на определени политички лидери. Што се однесува до управувањето со здравстените институции, знаеме дека актуелниот директорот на болницата во Тетово е член на ДУИ и втор на листата за во Собрание. Ова е мотив плус, аргумент плус да бараме избори на 5 јули и таквите неспособни кадри еднаш за секогаш да одат во опозиција и во историјата. Не можеме да очекуваме министерот да дојде и да ги разреши проблемите и предизвиците кои се случуваат во Клиничката болница во Тетово. Ова може да го разрешат граѓаните со изборите, рече Касами.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ