Лидерот на движењето Беса, која е дел од коалицијата Влен, Билал Касами вели дека остануваат на ставот за носење на уставните измени, но дека прво меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД, треба да дадат јасен план како ќе се движи евроинтегративниот пат на државата.
– Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција, рече Касами во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.
Запрашан дали оваа одлука ќе се донесе до крајот на годинава, Касами рече дека никогаш не давал рокови. /МИА