• Latest

Ќе даде ли резултати најавената поддршка за плата до 18 илјади во трудоинтензивните дејности

June 11, 2018

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе даде ли резултати најавената поддршка за плата до 18 илјади во трудоинтензивните дејности

June 11, 2018 10:20
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Изработката на програмата за најавената мерка за директна помош за раст на платите до 18.000 денари во трудоинтензивните дејности е во завршна фаза и наскоро ќе биде доставена на усвојување до Владата, најавуваат од Министерството за труд и социјална политика. Со мерката треба да се овозможи натамошен раст на платите, по првичното покачување на минималната плата на 12 илјади денари, како предуслов за поквалитетен животен стандард, но, истовремено да се задржи кондицијата на фирмите и да се подобри продуктивноста на работниците.

Се поставува прашањето дали работодавачите ќе ја користат мерката за да им ги зголемат платите на вработените, со оглед на тоа што само беа искористени само 10 проценти од субвенциите за исплатата на минималната плата, како што посочовуваат работодавачите, поради стравот дека доколку се пријават за субвенции ќе имаат засилени контроли од државата во своите компании. Многумина од работодавачите обврската за минимална плата ја сметаат како товар, и посочуваат дека се претвораат во социјални претпријатија.

Преку најавената мерка државата ќе обезбеди директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто плата на работници, за исплата на повисоки плати до 18.000 денари.

Таа е наменета за фирми кај кои трошоците за вработени сочинуваат повеќе од 50 отсто од вкупните трошоци и не прават високи профити, односно фирми кои имаат добивка како процент од вкупните расходи помала од 10 отсто. Според пресметките на МТСП околу 15.000 компании со 50.000 работници кои ги исполнуваат условите за користење на средствата.

За да добијат државна поддршка, вработеното лице во месеците октомври, ноември и декември 2017 година било во работен однос кај работодавачот и имало просечна бруто плата помала од 26.250 денари бруто, односно 18.000 денари нето, фирмата да е трудоинтензивна, да не ја намали платата на работникот минимум две години по истекот на помошта, да не го намали просечниот број на вработни во годината во која се користи помошта. Исто така, работодавачот треба да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или персонален данок на доход за вработеното лице, работодавачот да не е корисник на финансиска помош за исплата на минимална плата за вработеното лице, фирмата да нема висока добивка, односно нето добивката по оданочувањето, како процент од вкупните расходи  да е помала  од 10 проценти.

Од МТСП истакнуваат дека сите фирми што ќе ги исполнат предвидените услови ќе ја добијат финансиската помош. Максималните трошоци би изнесувале околу 1.000.000 евра месечно.

– Бидејќи програмата, односно мерката е на барање на работодавачите претежно од трудоинтензивните дејности, a и поддржана од синдикатите, очекуваме во голема мера да има позитивно влијание. Целта е да го продолжиме трендот на севкупниот раст на платите со што мнозинството граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од подобар животен стандард и зголемување на куповната моќ, велат од МТСП.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи смета дека во старт идејата за оваа мерка е мошне добра.

– Целта беше по покачувањето на минималната плата на 12.000 денари да може да се покачи и платата и на подобрите работници за да се одржи мотивацијата кај нив. Ние подолго време разговаравме со министерот за финансии. Ова беше компромисот што го постигнавме, а тоа е да се субвенционира 30 посто од покачувањето на бруто плата, вели тој.

Издвоените средства, посочува, не се огромни затоа што со мерката се опфатени компаниите што имаат мали или скромни профити, не повеќе од 10 посто од вкупните расходи и компании што имаат трошоци за плата над 50 проценти од расходите.

– Со ваквите критериуми се намали бројот на компании што може да ги користат овие мерки. Единствено што работодавачите бараа, а не добија е при пресметката на плата директно за тие средства да се намали износот за плаќање на делот на придонесите односно на некој начин директно да се компензираат со нашите обврски кон фондовите. Министерството за финансии не го прифати тоа, остана како варијанта ние да ги платиме тие износи, а потоа да поднесуваме барање да ни се врати и тој износ што сме го платиле за придонесите, посочува Димитров.

Според него, можно е да се случат слични проблеми како што се случиле при исплатата на минималната плата, односно при барање на субвениците за нејзино зголемување, компании од страв од контроли да не конкурираат за овие средства и тие да не бидат искористени. Со законот за минималната плата беа предвидени средства во висина од шест милиони евра за минатата година, а, вели, се искористија само околу 600 илјади евра  или 10 проценти од вкупната сума.

– Ова мерка е малку подобра, но јас се плашам дека работодавачите можат да размислуваат во насока на тоа дека ако ја добиваат помошта за малку работници, за малку средства ќе кренат раце и ќе речат не сакам да има проблем со државата, пред се од страв од инспекции. Ние како Организација на работодавачи ги охрабруваме работодавачите да конкурираат и да ги бараат овие средства затоа што штета е  ако Владата издвоила вакви средства тие да останат неискористени, истакнува Димитров.

Неодамна работодавачите од текстилната индустрија најавија дека над 5.000 луѓе може да останат без работа поради воведувањето на минималната плата и одлуката на Уставниот суд да го укине нормираниот учинок.

Тие посочија дека не им е потребна поддршка за минималната, туку за повисоките плати, за да ги стимулираат работниците и да ја зголемат  продуктивноста.

Текстилците се пожалија и дека по воведувањето на минималната плата практично станале социјални претпријатија. Доведени се во ситуација да земаат кредит за да обезбедат плати.

Според нив, околу 80 отсто од вкупниот приход на текстилните компании оди за плати што е премногу. Минималната плата е неодржлива во секоја смисла, по однос на продуктивноста, техничката подготвеност, конкурентноста, потенцира Перковска.

Во текстилната индустрија работат 35.000 лица или вкупно 40.000 заедно со кожарството.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) истакнуваат дека во континуитет се залагаат за поголеми плати и оти секоја мерка за зголемување на платите на работниците во приватниот и јавниот сектор е од голема важност.

– И мерката на Владата за субвеционирање за зголемување на платите во трудоинтензивните дејности ќе има големо значење во подобрување на стандардот на вработените во тие дејности, вели претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Потенцира дека кога ќе биде објавена мерката ќе биде разгледана од страна на ССМ.

– Потсетуваме и на нашата определба за еднаква плата за еднаква работа, а како потврда на тоа е и успехот на ССМ во делот на укинување на нормираниот учинок од страна на Уставниот суд со што обезбедивме исплата на  минималната плата за сите работници во РМ, вели тој.

Од ССМ веруваат дека работодавачите ќе ја искористат оваа мерка за зголемување на платите во трудоинтензивните дејности, со цел, како што велат подобар стандард на работниците.

Славица Стефановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: плата до 18 илјадиподдршкарезултатитрудоинтензивните дејности
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ