ЗОРАН ИВАНОВ
Се ближат избори и ќе има многу смешки барем судејќи по увертирите партиски лидерски како на пример ова со уште актуелниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе од пет цели години пека за предвремени и кои на крајот, по толку време, ги доби речи си како редовни и кој, еве, во предизборието им дава сесрдна поддршка на Беса, на Алијанса, на Меџити, на Алтернатива, на сите субјекти околу кои гравитираат гласачи Албанци освен, секако на ДУИ која, и според сигнали од меѓународната, на мајските избори треба да бидат кутнати не толку поради должината на владеењето, туку поради владеењето на корупцијата и рационално, не рационално и за доскорешните странски поддржувачи, со себе, според околностите, неминовно ќе ја повлечат и про НАТО и про ЕУ СДСМ која навреме не кидна од јавноста избербатениот коалициски партнер па, сепак, кажано во оваа една реченица, ова водство на ДПМНЕ со Христијан Мицкоски, секако доколку сака да е премиер што, патем, никогаш нема да биде, ќе треба да проголта не кнедли туку цели жаби, најбргу преку хранопроводот ќе мора да ги протурка и рамката нели бугарска и уставните и барањата на Беса, Алијансата и Алтернатива за компензација на тие 20% со Албанци во уставот и …, ќе мора да проголта и жаби и полжави живи, ќе мора тоа да го стори и за Рамковниот и за Преспанскиот и за Северна и за Бугарскиот и за …, и ќе голта, ќе голта ако сака да е премиер што сè уште му е крајно неизвесно.