• Latest

Ќе помогне ли поддршката од Фондот за искачување на Македонија на Глобалниот индекс на иновации?

July 13, 2018

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ќе помогне ли поддршката од Фондот за искачување на Македонија на Глобалниот индекс на иновации?

July 13, 2018 15:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според последниот Глобален индекс на иновации, Македонија се наоѓа на 84-то место од 126 држави, а во споредба со минатогодишното рангирање, има пад од 23 места. 

Меѓу европските држави, Македонија се најде на претпоследното место, каде единствено е подобра од Белорусија.

Најиновативна држава е Словенија (30 место), по што следуваат Бугарија (37), Хрватска (41), Грција (42), Црна Гора (52), Србија (55), Босна и Херцеговина (77) и Албанија (80).

Секоја држава е рангирана според седум генерални области, а Македонија е најдобро позиционирана според категоријата „институции“, која ги мери политичкото, законското и бизнис окружувањето – рангирана на 49-то место, додека најлош резултат покажува во категоријата „креативен резултат“, каде е позиционирана на 107-то место.

Петте најиновативни држави според анализата оваа година се Швајцарија, Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур, а на дното се Буркина Фасо, Того и Јемен.

Од друга страна пак, денеска, осумдесет домашни микро, мали и средни компании добија грантови во висина од 10,5 милиони евра преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст, на повикот кој беше објавен од Фондот за иновации и технолошки развој се пријавиле 236 компании.

Чековите со добиените средства ги врачија премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Премиерот порача дека Владата подеднакво ги помага и домашните и странските компании и оти таа останува нивен партнер и сервис во реализација на нивните планови.

„Ова нека биде позитивен пример кој ќе ги мотивира и другите компании да создаваат квалитетни проекти и да влезат во инвестиции“, порача премиерот и ги повика да имаат доверба во институциите чие функционирање ќе се подобрува и ќе се приближува кон европските стандарди по добивањето на поканата за НАТО.

Директорот на Фондот рече дека со  доделувањето на овие средства е важно дека зад секој 1,4 денар инвестиција од државата, приватната компанија инвестира денар. Истакна дека е важно што компаниите инвестираат.

Тој потенцира дека пристигнатите апликации се разгледани за многу краток временски период и дека за 33 дена се донесени одлуки.

Дали и колку овие грантови ќе помогнат во искачувањето на Македонија на скалилото на глобалниот индекс на иновации останува да покаже времето. Глобалниот индекс на иновации излегува веќе 11 години и се пресметува според 80 различни индикатори.

А. П. 

Tags: Влада на Република МакедонијаГлобален индекс на иновациигрантовиЗоран ЗаевинвестицииКочо АнѓушевМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ