ЗОРАН ИВАНОВ
Уште изборните кутии не се изладија а владејачката ДПМНЕ и нели опозициската ДУИ, на “тајна ноќ” направија дил чија јавна содржина засега е правичната етно застапеност но ако се суди според досега покажаниот тридецениски партиски менталитет и исто така децениската меѓупартиска патриотска соработка преку која и првите и вторите ја патентираа корупцијата и земјава ја доведоа до европскиот квалификатив “заробена”, тогаш, аналогно на искуството, може да се претпостави заклучок кој би упатувал дека изборната доверба ниту ќе се правда со борба против корупција ниту пак ќе има некакво “ќ” од предизборното “ќе си лежите”, а дека ќе си лежат и едните и другите, тоа да, ќе си лежат но, кажано во оваа една реченица, ќе си лежат и тоа уште ова лето, ќе си лежат и ќе си се излежуваат ама на лежалките на плажите на Халкидики и Саранда.