Војниците на КФОР поставија бодликава жица во близина на зградата на општината во Звечан.
Во моментов, како што јави новинарката на TIME, Саранда Рамај, ситуацијата е мирна, пренесува косовскиот дневник Коха.
Според косовскиот медиум Клан Косова, неколку американски војници на КФОР влегоа во објектот на општина Лепосавиќ.
КФОР и косовската полиција се грижат за безбедноста во северните општини, каде протестираат српските граѓани, кои се спротивставуваат на раководството на новите градоначалници.
Д. Т.