Categories

НАТО Кибер нападите врз канцелариите на Хаг го изврши руско воено разузнавање

Холандија ги информираше министрите за одбрана од НАТО кои од вчера заседаваат во Брисел, за кибер нападите врз канцелариите во Хаг на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО).

Нападот го изврши ГРУ – руското воено разузнавање, се наведува во соопштението на Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Нападот бил неутрализиран со напорите на холандските и британските служби.

Државите од НАТО се задоволни од одлуката на холандската и британската страна да ја посочат како виновник Русија за обидите за поткопување на меѓународниот поредок и меѓународните институции. Русија мора да го запре тоа однесување, вклучително и употребата на сила против соседите, со обидите за влијаење врз изборни процеси, со ширење дезинформации, се додава во соопштението на Столтенберг. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email