На Фејсбук групата „Ковид ѕид на срамот“, е објавeна фотографија од Неготино каде што лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски одржа митинг. На фотографијата се гледа дека воопшто не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, присутните воопшто не одржуваат потребно растојание, иако тоа е една од трите најважни препораки за превенција од ширење на вирусот.
На Фејсбук страната на Мицкоски има неколку фотографии од митинзите во Неготино и Кавадарци, но сите фотографии се во крупен план, или само во фокусот е лидерот на опозицијата, додека публиката е замаглена.
Дали со лажирање на објавените фотографии лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја избегне одговорноста дека на терен воопшто не се почитуваат мерките и препораките на здравствените експерти, односно теренските активности да се сведат на минимум, со тоа што нема да се дозволи собирање на поголема група на граѓани кои ќе бидат на едно место без да ги почитуваат мерките за растојание.
Д.М.