• Latest

Клинички центар конечно, по секоја цена: Важно (ќе) се гради!

January 18, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Клинички центар конечно, по секоја цена: Важно (ќе) се гради!

January 18, 2017 17:14
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Клиничкиот центар, веќе пет години е перманенто предизборно ветување за уште едно „остварување“ на ВМРО-ДПМНЕ, но од него. засега, постои – само дупка која зјае!

„До 74 милиони евра е буџетот за изградба на овој центар, со планот за дополнителни работи. Една од понудите е во рамките на буџетот, но и да не беше така, има процедура за зголемување на буџетот, ако има потреба“, изјави прaтеникот и ексминистер за здравство, Никола Тодоров за тендерот за долго очекуваната изградба на нов Клинички центар.

Понудите за изградба на Клинички центар се повисоки од проценката на Владата, но Тодоров не се откажува и уверува дека пари сепак, ќе се најдат. Пред два месеца, Тодоров изјави дека за изградба на Центарот се потребни околу 70 милиони евра, а сега, таа цена порасна за четири милиони евра. Значи ли ова дека тендерот ќе се бутка по секоја цена?

Конзорциумот составен од две домашни компании „Бетон“ и „Гранит“ и една странска компании, е со најниската понуда од 72,2 милиони евра. Фирмите „Колектор колинг“, „Гуерато“ и „Нова Горица“ за изградба на новиот Клинички, понудиле 76,4 милиони евра, а  третата понуда – достигнала и 76,6 милиони евра.

„Од сево ова, гледам тенденции на обиди за мешање во текот на евалуацијата од некои кои сметаат дека тоа е опортуно да го направат. Да оставиме на Комисијата законски да си ја заврши работата“, рече Тодоров.

Долгоочекуваната изградба на Клинички центар беше првично најавена уште во 2012 година, за во 2014-та да биде ископана дупка која и ден-денес зјае празна! Според најавите, во првиот квартал на 2017-та се очекува да стартува изградбата, а во 2021-та и да профункционира новиот Клинички центар.

Tags: ветувањаКлинички центарНикола Тодоровпредизборнакампањатендер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ