-Клубот на пратенички oстро ги осудува сите форми на говор на омраза, родова дискриминација, сексизам, антисемитизам, омаловажување и други форми на насилство кои што во последно време се најмногу распространети на интернет просторот.
-Затоа пратеничките ќе иницираат јавна расправа во Собранието со цел да се понудат решенија како во иднина да се превенираат слични случаи посебно во јавниот простор и со тоа да се поттикне поголема општествена одговорност на креаторите на јавното мислење.
-Во таа насока, подготвени сме да иницираме и законски решенија за регулирање на интернет просторот, така што нема да се ограничи слободата на говор, туку ќе се подигне нивото на општествена свест и одговорност, се вели во соопштението од клубот на пратенички во Собранието на Република Северна Македонија.