• Latest

Коалиција „Маргини“ бара Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

January 15, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Коалиција „Маргини“ бара Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

January 15, 2021 12:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Собранието на Република Северна Македонија на 31-та седница закажана за 12.1.2020 година не ја изгласа Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Седницата беше прекината поради немање на кворум за работа на Собранието, со што изборот на членови на институцијата повторно се одолговлече, а со тоа се одложи и почетокот на работата на Комисијата која има мандат да спречува и да штити од дискриминација“, велат од Коалиција Маргини.

Од Коалицијата додаваат дека гласањето на Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше втора точка на дневниот ред на седницата на Собранието, веднаш после гласањето на Предлог-одлуката за избор на претседател, на потпретседател и на членови на Државната изборна комисија.

„Имајќи предвид дека претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК едногласно беа изгласани од страна на 95 пратеници, кои беа присутни кога се гласаше за оваа точка на дневниот ред на оваа седница, крајно несериозно и малициозно е тоа што Собранието не оствари кворум за работа (од 61 пратеници) при гласањето за Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, односно што дел од пратениците интенциозно ја напуштија собраниската сала кога требаше да се гласа по оваа точка“, велат од Маргини.

Граѓаните од август 2019 година немаат достапен механизам за заштита од дискриминација, потсетуваат од Маргини, што значи дека Собранието не смее да дозволи воспоставувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дополнително да се развлекува.

Апелираат претседателот на Собранието веднаш да закаже продолжување на 31-та седница, на која ќе се гласа Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Ги потсетуваме сите политички партии во Собранието, кои пред изборите ја поддржаа Декларацијата за донесување на Закон за спречување и заштита од дискриминација,, дека се обврзаа да спроведат брза и транспарентна постапка за воспоставување на Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Очекуваме дека тие ќе бидат присутни на продолжувањето на седницата и ќе обезбедат кворум за изгласување на предлог одлуката.

Дополнително, покрај бројните недостатоци во постапката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, сметаме дека овој предлог-состав е значително подобар од кој било претходен состав на Комисијата. Го поздравуваме поставувањето на листата на кандидати со богато искуство во спречувањето и заштитата од дискриминација кои воедно доаѓаат од здруженија кои се етаблирале како независни чинители во унапредувањето на човековите права на граѓаните. Клучна наша забелешка е недостатокот на родово-балансирано учество на предлог-листата, иако половина од кандидатите беа жени, а дел од нив со исклучителни биографии во областа на човековите права и недискриминацијата“, стои во соопштението на Коалиција Маргини.

Коалиција Маргини апелира до сите пратеници и парламентарни политички партии конечно да го изгласаат новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и да овозможат оваа институција да започне со работа со новиот и унапреден состав на членови.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ