• Latest

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025 09:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Реакција на Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.

Текстот го пренесуваме во целост:

„Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат“. Ова е далеку од наивна визија, и претставува редефинирање на државата како биополитички проект, во кој државноста се мери преку способноста да се дисциплинира телото, да се контролира приватноста и да се одреди кој живот вреди.

Наместо признание на одговорност, добиваме најава на морален императив, што репродуцира политички цинизам и наводна загриженост што го продолжува насилството врз сите што не се вклопуваат во моделот на „добрата“ држава. За да го наметне падот на наталитетот како најголема закана, Мицкоски ја користи демографијата како алатка за дефокус и релативизирање на дневните трагедии, додека жртвите, болката и гневот што го одбележуваат нашето секојдневие ги сведува на „драматични вести“ што го вознемируваат неговото премиерско спокојство!

Во земја каде што една третина од жените се невработени, каде жени умираат при породување и нивните органи се крадат, каде самохраните мајки се оставени без поддршка, каде ЛГБТИ луѓето, како и сите што живеат надвор од хетеронормативниот модел, немаат ниту елементарно признание и правна можност за градење заедници, каде што сиромаштијата е структурна состојба, а пристапот до труд селективен, исклучувачки и непредвидлив – да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.

Најавите за даночни санкции за немажени и неженети лица, е познат механизам за статистичко бришење на сиромаштијата и за казнување на оние што не се вклопуваат. Ако животот е прескап, одговорот не е да се смени формулата што го покажува тоа, туку да се промени состојбата што го предизвикува.

Мицкоски нуди логика во која сиромаштијата и животот надвор од конзервативниот фетиш за нуклеарното семејство се повод за вина, поради која овие луѓе треба да се покорат или прилагодат – во име на апстрактен морал што ги негира нивните конкретни животи.

Самохраните родител(к)и, лезбејките, геј луѓето, транс лицата, сите вонбрачни, нерегистрирани, непризнати, невидливи форми на живот во ваквата визија избришани од политичката замисла што признава само еден модел: бракот како доказ за нормалност, мајчинството како услов за признание, и семејството како алатка на државна репродукција. Во оваа примарно фашистичка, и подоцна општо авторитарна политика, жената не постои надвор од улогата на мајка, а детето не постои ако е родено „надвор од бракот“..

Кога дури и официјалните податоци покажуваат дека масовната миграција е резултат на долгорочна економска несигурност, корупција, непотизам и институционален колапс – состојби што актуелната власт не само што не ги решила, туку активно ги одржува – премиерот бесрамно тврди дека ќе „живееме со повеќе срце“ ако се мажиме, раѓаме и се враќаме дома. Во држава каде што срцевите заболувања се водечка причина за смрт, каде што загадениот воздух го прави секое вдишување ризик, каде што здравствениот систем е нефункционален, а телото се третира како трошок – апелот на Мицкоски не звучи како повик на живот, туку како замаглување на неправдата што го одбива истиот тој живот.

Уште повеќе, тој зборува и како да не е премиер. Како да не е политички наследник на практики што ни ја цементирале сегашната демографската криза. Како да страда од Пинокио-синдром, Мицкоски се претставува како некој кој дури сега, конечно се освестува и станува „вистинско момче“, па и ја презема државата „во свои раце“, како досега да немал никаква улога и одговорност. Со овој јазичен маневар прави целен обид за бришење на политичката одговорност и за претставување на веќе постојната состојба како нешто што тукушто почнува и што допрва треба да се решава, со што е јасно дека нема никаква намера вистински да се погрижи за проблемот.

Оттука, повеќе од јасно е дека луѓето не заминуваат затоа што се откажале од потребата да создаваат заедници и семејства, туку затоа што државата одамна се откажала од нив!

Поврзувањето на достоинственото живеење со послушноста кон бракот и репродукцијата не е политичка визија, туку биоморален диктат што ја префрла вината врз поединецот и ги поништува условите што државата одбива да ги гарантира.“

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ