• Latest
Фото: МИА

Коалицијата „Србија против насилството“ за фер избори бара преодна влада по урнек на Северна Македонија

March 11, 2024
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Коалицијата „Србија против насилството“ за фер избори бара преодна влада по урнек на Северна Македонија

March 11, 2024 17:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата „Србија против насилство“ (СПН) подготви детален документ врз основа на предлозите на ПроГлас и граѓанскиот сектор во однос на изборните услови, кој вклучува формирање на независна комисија и како долгорочно решение, преодна влада по урнек на Северна Македонија, изјави денеска во име на оваа коалиција Радомир Лазовиќ на прес конференција во салата на Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој побара Собранието да формира посебна Комисија за организирање избори, во која ќе членуваат претставници на власта, опозицијата и граѓанскиот сектор, со надзорни и извршни овластувања.

Долгорочно, тие предлагаат промена на законот, по примерот на Северна Македонија, и формирање преодна влада во која опозицијата би имала најмалку двајца министри, за внатрешни работи и за локална самоуправа.

Тој истакна дека концептот на преодна влада во моментов е актуелен во Северна Македонија.

-Телото што го предложивме треба да биде во функција до следните избори бидејќи можеби нема да има време да се направат промени кои би доведеле до преодна влада. Во наредниот период како долгорочно решение ќе предложиме од денот на распишувањето до денот на изборите да се создаде преоден дел од владата со две министерства предводени од опозицијата, за да можеме да кажеме дека имаме фер избори, објасни тој.

– Избирачкиот список мора да се регулира, рече Лазовиќ и пред да се распишат следните избори ова прашање мора да се реши, односно да се овозможи тим од меѓународни и домашни претставници назначени од опозицијата да имаат увид избирачкиот список.

Лазовиќ во име на СПН поднесе барање за целосна и независна ревизија на избирачкиот список, која би опфатила теренска контрола на избирачкиот список, во која би учествувала независна комисија според методологијата изработена од невладината Црта.

Лазовиќ изјави и дека Собранието треба да донесе обврзувачки упатства за медиумите, за донесување нови програми, забрана на говор на омраза и лаги и надворешен надзор.

Упатството треба да го подготви независна комисија за медиуми составена од претставници на професионални здруженија.

Тој побара во информативната програма на РТС да бидат претставени релевантни политички групи.

-Потребно е Собранието да донесе lex specialis кој би ги вклучил сите горенаведени мерки и да усвои извештај за наодите на ОДИХР кој ги вклучува препораките содржани во финалниот извештај на оваа мисија, а Владата на Србија да побара имплементацијата на сите барања наведени во овој документ и да доколку дојде мисијата на Европскиот парламент, таа може да учествува во контролата на овие мерки, рече Лазовиќ.

Тој не сакаше да каже дали ќе ги бојкотира изборите додека не се исполнат барањата и очекува владата да се изјасни дали може или не да спроведе фер и чесни избори.

Tags: Коалицијата „Србија против насилството“преодна владафер избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ