• Latest
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска)

Кога бројките стануваат неопходно зло: Масивните недостатоци во политичкиот систем

June 19, 2024

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Кога бројките стануваат неопходно зло: Масивните недостатоци во политичкиот систем

June 19, 2024 10:31
in ES-PRESS-O, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мајскиот договор, кој предизвика јавна и политичка дебата по парламентарните избори, беше дисквалификуван како неважечки. Критичарите тврдат дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) го прекрши договорот веќе со формирањето коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во 2017 година, и покрај тоа што СДСМ освои два мандати помалку од нивните ривали. Овој аргумент е погрешен поради неколку причини.

Прво, во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот за формирање влада, но не успеа да ја обезбеди потребната коалиција. Следствено, по законска процедура и покрај опструкциите од тогашниот претседател, мандатот премина во рацете на СДСМ, кој успешно формираше влада со поддршка на ДУИ. Ова покажува еден очигледен факт: СДСМ, а не ДУИ го предводеше формирањето на владата по неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш се поставува прашањето: кој всушност го раскинал договорот и како? На ДУИ не ѝ беше дозволено да ја прифати политичката понуда од СДСМ? Оваа ситуација сугерира дека мајскиот договор е или недоречен и има сериозни недостатоци, или открива подлабоки предизвици – манипулација, неразбирање на политичките динамики и ставање на албанските партии во подредена позиција.

Понатаму, самата премиса на мајскиот договор за формирање влада составена од победник кај Македонците и победник кај Албанните е нелогична и (веројатно) понижувачка за сите учесници во процесот. Особено е обесхрабрувачки за граѓанките и граѓаните кои очекуваат владата да им даде приоритет на вредностите и политичките програми што им користат, наместо само да се фокусира на фотелјите на функционерите.

Генерално, како што стојат работите, политичките одлуки за тоа кој и каква влада ќе формира во голема мера се одредуваат според бројките и процентите, а не според политичките идеи, платформи и вредности. Овој нумерички пристап се протега надвор од формирањето влада до повеќето аспекти на државното управување. Речиси сите процеси во државата зависат од односите меѓу етничките заедници. Во исто време, на овој критичен аспект од севкупниот живот на земјата му се пристапува бесчувствително, бирократски и, да бидам сосема директен, како „нужно зло“.

Ова пренагласување на нумеричкото претставување често води до занемарување на суштинските политички прашања. На пример, економските реформи, подобрувањата во здравствената заштита и образовниот напредок често се оставаат настрана. Наместо да се поттикнува силна политичка дебата за овие витални теми, фокусот останува на одржување на деликатна рамнотежа на етничката застапеност, врз основа на партиска припадност, што им остава уште повеќе простор на манипулациите, па и корупцијата. Ова не само што го задушува напредокот, туку поттикнува продолжено и продлабочено чувство на разочарување кај електоратот.

Освен тоа, бирократскиот пристап кон етничките односи овековечува еден бескраен циклус на површни решенија кои не успеваат да ги решат основните прашања. Нијансиран и сензибилен, разумен и стратешки пристап кон овие односи може да доведе до хармонично и интегрирано општество, што, пак, ќе создаде посилна основа за демократско владеење.

На крајот на краиштата, иако политичкото претставување засновано на бројки и проценти е исклучително важно во еден демократски систем, тоа не треба да ги засени основните вредности и политичките идеи кои го поткрепуваат владеењето. За поинклузивна и поефикасна влада, од клучно значење е да се балансира нумеричката застапеност со вистинската посветеност кон политичките платформи и уредување на меѓуетничките односи со неопходниот сензибилитет и меѓусебно почитување.

За жал, тоа не е случај со македонското општество. Сегашната состојба на работите ја нагласува итната потреба за промена во водењето политика во земјата, односно преиспитување на политичкиот систем. Занемарувањето на суштинските политички прашања и површните решенија водат кон продолжени етнички поделби и постојана закана од тензии и дестабилизација. Креаторите на политиката и политичките лидери имаат обврска да дадат приоритет на суштинското владеење пред нумеричката политика за вистински да им служи на најдобрите интереси на луѓето. Но тоа можеби во некоја друга земја или барем друго време. Ако преживееме.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

За претходните дози еспресо, КЛИКНЕТЕ ТУКА.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ