• Latest
Џабир Дерала

Кога лажеше шефот на Левица-E Majta?

July 16, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Кога лажеше шефот на Левица-E Majta?

July 16, 2021 18:16
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Единствената политичка понуда на E Majta (во превод од албански: Левица), како што до неодамна се претставуваше во јавноста, се ограничува на ширење национализам и етничка омраза. Со своите ултранационалистички пораки во јавноста и во парламентот, шефот на E Majta, веќе одамна ги премина сите граници на дозволеното во јавната комуникација и во политичкото дејствување.

Иако се фали дека е професор по право, лажниот левичар не престанува да се брука со своето незнаење токму во областа на правото, како што беше случајот со неговиот конфликт со сообраќајниот полицаец, а веднаш потоа доби „воспитна“ и кога го „регулираше“ паркирањето на возилата.

Shefi i Të Majtës (во превод од албански: шефот на Левица) продолжува со својот отровен речник да ја контаминира јавната и политичка сцена, а ширењето националистичка хистерија му е некако „најприродно“ и „најпрофитабилно“, а во тоа, секако, не е сам. Тој може да биде само порадикален во настапот, со неприфатливо вулгарен и простачки речник, но основата на неговата политичка душа скита низ коридорите на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо повеќе.

Се згади од двојазичниот документ, токму тој што од тој двојазичен парламент, без приговор, зема плата. А платата ја обезбедуваат граѓанките и граѓаните на Северна Македонија кои зборуваат на македонски, албански, ромски, турски, српски, бошњачки, влашки… Ги нарекува северџгани, ама платата од нив си ја става в џеб. И сите други привилегии што му ги овозможува државата на тие северџгани, на кои ден по добивањето пратенички мандат им се обрати со зборовите: „Сите ќе ве стреламе“.

И пратеничките прашања во парламентот на Северна Македонија ги искористи за да ја притисне државата на северџганите да му плати реновирање на семејната куќа во Велес. Не за сите заштитени објекти во таа држава, ако веќе тоа било најгорливиот проблем, туку само за неговото семејство! Фер, нема што.

Кога лажеше Левица/E Majta? Кога ја негуваше двојазичноста и се фалеше со мултиетничкиот карактер на партијата или сега, кога нејзиниот шеф отворено промовира ултранационализам? Изразувањето презир кон документ кој, освен на македонски е и на албански јазик е само уште еден во бескрајната серија испади во јавноста и на политичката сцена. Со сиот вокабулар на Шешељ кој со бескрајна леснотија му излегува од под прстињата.

Ќе го блокира парламентот со илјадници амандмани? Зошто? За доброто на државата, за реформските и интеграциските процеси, за донесување законски решенија за подобрување на квалитетот на животот на луѓето, за законот за државјанство, за законот за служба во Армијата, изборите на раководства во регулаторните тела, за борба против последиците од пандемијата, за правосудните и изборните реформи… Или за евтин политички маркетинг преку лажни вести и ширење етничка омраза?

Најблаго кажано, тоа е чудно и крајно разочарувачко однесување на некој што се согласил да биде дел од највисокото законодавно тело во државата, а притоа да биде и дел од наставниот кадар во државна високообразовна установа. Најблаго кажано.

Поразителен е фактот, пратеник и претставник на нација која се бори да ги заштити македонскиот јазик и идентитет, со сета солидарност од сите заедници кои го сочинуваат македонското општество, да се „згрозува“ од јазикот на свои сограѓанки и сограѓани.

Но тоа е политичката агенда на Shefi i Të Majtës, да се шири омраза, да се застапуваат интересите на антизападните и антидемократските центри на моќта, да се блокираат сите прогресивни идеи и процеси. И да се полни сопствениот џеб со парите на северџганите.

Останува отворено прашањето дали овој политички ugursuz (во превод од турски: злобник) ќе прифати одговорност за етнички инцидент во кој некој може да се „згрози“ од јазикот на своите сограѓани и посегне по нивната безбедност и живот. Останува неизвесно дали јавноста и интелектуалците и понатаму ќе молчат пред оние што ги злоупотребуваат своите функции за ширење на етничка, верска и расна омраза (исто така и кривично дело). И за сето тоа, без нималку грижа на совеста, да го користат буџетот на Северна Македонија.

 


Текстот е личен став на Авторот.
Creative Commons 4.0

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ