• Latest

Кои се петте главни поенти во интервјуто на Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, за ЦИВИЛ Медиа?

July 13, 2023
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Кои се петте главни поенти во интервјуто на Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, за ЦИВИЛ Медиа?

July 13, 2023 08:51
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, од самитот на НАТО во Вилнус, во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа, сподели повеќе ставови и информации за извонредно важни прашања за безбедноста и одбраната на нашата земја, за НАТО и за Украина. Издвојуваме пет поенти од ова интервју.

1.

Буџетот на одбраната ќе биде најмалку 2% од БДП 

„За да одговориме соодветно на сите ризици со кои се соочуваме и на национално ниво, но и како членки на Алијансата, навистина е потребно да го зголемиме инвестирањето во одбраната. Знаеме дека до 2018 година, тоа го потврдуваат и официјалните бројки на буџетот на одбрана, дека многу малку беше инвестирано, речиси и да не беше инвестирано во одбраната “, изјави Министерката Петровска за ЦИВИЛ Медиа.

Познато е дека зголемувањето на буџетот за обрана на нашата земја започна во 2018 година, откако претходно, за време на режимот на Груевски, нашата одбрана беше опасно запоставена. Денес, ние сме држава што може да се пофали со 1,85% од бруто домашниот производ посветен на одбраната. Тоа значи дека нашата земја нема да се соочи со голем проблем да ги достигне новите правила во НАТО, според кои земјите членки имаат обврска да одвојуваат 2% од бруто домашниот производ за одбрана.

Тука е важно да се запомни дека обврската од 2% од БДП на земјите членки на НАТО не е максималниот износ, туку почетно ниво, односно минимумот што треба да го издвојува секоја НАТО членка.

2.

Поддршката за Украина ќе трае најмалку во наредните десет години, Украина ќе стане членка на НАТО, но приоритет е нејзината победа

Денеска, за прв се одржува Советот меѓу НАТО и Украина. Соработката со Украина се крева на уште повисоко ниво. Украина инсистира да добие датум за прием во НАТО, на што не се согласија САД и поголем дел од членките на Алијансата. Таа во ексклузивното интервју за ЦИВИЛ Медиа открива дека поддршката за Украина ќе трае најмалку десет години.

„Уште поважна е заложбата на сите земји членки на Алијансата, особено САД како предводници, Германија, кои се залагаат за уште поголема поддршка на Украина. Но, таа поддршка да не биде краткотрајна, односно да не ја договараме месец за месец, туку да биде долгорочна поддршка која ќе трае најмалку во наредните десет години. Со таа, пред сè, финансиска поддршка, и политичка и секаков друг вид поддршка, сакаме да ѝ помогнеме на Украина уште повеќе, како што впрочем го правевме во изминатите месеци, да и помогнеме да ја заврши оваа војна што е можно побргу, се разбира, и што е можно побргу да го продолжи својот пат кон интеграција и во НАТО и во ЕУ“, изјави Петровска во ексклузивното интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Според Петровска, приоритетите се: победа за Украина и долгогодишна поддршка на земјата што е жртва на руската агресија.

„Неспорно е дека Украина ќе стане земја членка на НАТО алијансата, но, приоритет број еден, за сите нас, и за Република Северна Македонија, како пријател на Украина, меѓутоа, за сите останати сојузници и партнери на НАТО алијансата, приоритет број еден е победата која треба да биде извојувана во Украина“, изјави македонската министерка за одбрана, Петровска, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, запрашана за коментар на барањето на Украина да добие датум за прием во НАТО.

3.

Шведска направи уставни промени за да ја надмине блокадата на Турција за влез во НАТО. Тоа треба да биде позитивен пример и за нас!

Шведска направи и уставни измени за да ги задоволи условите на Турција. Тоа е, меѓу другото, причината поради која генсекот на НАТО, Столтенберг, кажа дека овој самит на НАТО е историски, уште пред и да започне.

Од министерката за одбрана, Петровска, побаравме коментар за оваа ситуација во која Турција го деблокира процесот на зачленување на Шведска во НАТО, по уставните измени во Шведска.

„Однесувањето на Турција или деблокирањето, давањето согласност да пристапи Шведска во НАТО, само уште еднаш покажува колку НАТО или сојузниците во Алијансата знаат да ја проценат важноста на моментот“, изјави Петровска.

Министерката за одбрана направи одлична споредба со македонските политички процеси.

„Мислам дека тоа треба да биде позитивен пример за случувањата кај нас, заради тоа што, ако цело време декларативно се залагаме за нешто, тоа треба во одреден момент да го произведеме односно да го преточиме во реални чекори. (…) Единствениот услов, кој во моментов е на маса пред нас, е промената на Уставот со внесувањето на Бугарите како малцинство и продолжување на патот за Република Северна Македонија. Тоа е единственото нешто“, рече Петровска.

4.

„Вагнер“ не е присутен на Балканот во земјите кои се членки на НАТО,

Македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска, со сигурност потврди дека озлогласената платеничка група „Вагнер“ не дејствува во земјите на Балканот што се членки на НАТО, што само уште еднаш ја потврдува вредноста на членството во Алијансата.

„Со сигурност можам да кажам дека ‘Вагнер’ не е присутен на Балканот во земјите кои се членки на НАТО и тоа е уште еден дополнителен мотив и доказ зошто пристапувањето на Северна Македонија во НАТО Алијансата беше толку важно и многу значајно. Сведоци бевме изминатиот период и ќе бидеме во иднина на хибридни дејствувања и на Русија, меѓутоа и на други држави, кои евентуално би ѝ помагале во нејзиното дејствување“, изјави Петровска за ЦИВИЛ Медиа.

5.

Најдобар механизам за борба против дезинформациите и малициозното дејствување е транспарентноста и отчетноста

„Ова ми е важно и ќе го спојам со хибридните дејствувања затоа што секогаш кога имате било каков малициозен обид да се наруши довербата или да се подрие системот, транспарентноста на институциите е особено важна. Затоа што најдобар лек или најдобар механизам за борба или за отпорност кон дезинформациите и таквиот вид на малициозни дејствувања е транспарентноста и отчетноста“, изјави Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во ексклузивното интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети
Транскрипција: Д. Муратов, Б. Јордановска, Д. Варошлија, Д. Тахири

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ (текст и видео):

(ВИДЕО) Петровска: Украина ќе стане членка на НАТО, но приоритет е победата на Украина

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВилнусНАТОСлавјанка Петровска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    204 shares
    Share 82 Tweet 51
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ