• Latest

Коѕијас: Грција ќе и достави на Македонија спогодба во четири точки

January 30, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас: Грција ќе и достави на Македонија спогодба во четири точки

January 30, 2018 08:53
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда се четирите точки на нацрт спогодбата што Грција кон средината на февруари ќе и ја достави на Македонија. Ова го откри шефот на грчката дипломатија, говорејќи за грчката државната телевизија ЕРТ, јавува дописникот на МИА од Атина. Според Коѕијас, спогодбата која уште е во фаза на формулација, најпрво ќе и биде презентирана на грчката, а потоа на македонската влада, доколку биде прифатена ќе претставува основа за решавање на проблемот, ќе треба да добие зелено светло од парламентите на двете земји и ќе го отвори патот на Македонија до НАТО и ЕУ.

– Во оваа спогодба ќе бидат вклучени сите теми што се отворени во врска со името. Посебно поглавје за иредентизмот, но и за темите што се однесуваат на иднината на земјата, за нејзината интеграција во меѓународни организации и позитивна агенда, како можат дополнително да се развијат нашите односите, рече Коѕијас и објасни дека грчката страна сѐ уште ја подготвува нацрт спогодбата, а очекува кон средината на следниот месец да и биде доставена на македонската влада.

Шефот на грчката дипломатија, потврди дека медијаторот доставил пет конкретни предлози, четири имиња на македонски јазик и едно Македонија (Скопје), додека пак во однос на грчките позиции рече дека според негово мислење името треба да биде сложено со терминот Македонија, „да не биде на англиски да биде на јазикот или јазиците на оваа земја, без превод“. Како примери дека постои меѓународно искуство  за ваква формула, шефот на грчката дипломатија ги спомена Шри Ланка како земја што има едно, непреведено име и Авганистан, Узбекистан, Казахстан, Пакистан како држави, чии имиња се сложени зборови што го имаат истиот збор „стан“.

– Во разговорите, првата работа ќе биде, кое ќе биде името, содржината на името и придавката на името, бидејќи вториот елемент на името ќе го содржи терминот Македонија како географска област. Втора работа, дали ќе биде 1 или 2 збора. Трето дали ќе се воведе на јазикот на земјата или на меѓународен јазик и четвртото дали ќе биде преведено или не, открива Коѕијас, пренесува МИА.

Во однос на преговорите за името, шефот на грчката дипломатија, ја повтори неговата позиција дека името вклучува седум прашања: името, употребата на името,идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.

Никос Коѕијас објасни дека ако постои согласност од македонска страна за спогодбата, тогаш таа ќе треба да биде изгласана од парламентите на двете земји, согласно уставните одредби за одобрување на меѓународен договор.

 

Потребна е промена на македонскиот Устав

Шефот на грчката дипломатија во опширното и детално интервју за националната телевизија ЕРТ, јавува дописникот на МИА од Атина, рече дека за кој било договор за решение меѓу двете земји потребно е Македонија да направи уставни промени. Запрашан за тоа што би требало да се промени во Уставот, Никос Коѕијас ги посочи преамбулата и два члена, без да открие дополнителни детали.

– Кој било договор што ќе го случиме, ако не е придружен од уставни промени или ако сакате да ги кажете, прилагодувања, ќе може подоцна кој било нов премиер, од друга политичка област, да го смени. Ќе се најде во тешка позиција сегашната влада на оваа земја, ако не се смени Уставот, а склучи меѓународни договори и следната влада ќе им каже дека дејствувале противуставно, објасни Коѕијас и додаде дека владата на Заев во овој момент нема двотретинско мнозинство за промена на Уставот, а прво што треба да направи е да го отвори процесот за измени.

Грција сака пакет решение

Нема да го поделиме проблемот на делови, вели Коѕијас, со што индиректно го отфрли и предлогот на Нимиц, објавен во грчките медиуми за постепено решавање на прашањето.

Шефот на грчката дипломатија вели дека сака целосна употреба на решението, што според него значи и промена на македонските пасоши и лични карти. Овој негов став го поткрепи со примери од неговото искуство како академик и експерт за глобализација.

– Кога станав министер, за да им објаснувам на сите секогаш со мене носев лична карта и пасош. И секогаш им велев: пасошот што е? Меѓународен документ. Што е личната карта? Внатрешен документ. Што е личната карта во време на ЕУ? Меѓународен документ, затоа што е на латиница. Тоа е дилемата дека не постојат класични внатрешни документи како во 19 век и да постои разлика меѓу нив, објасни Коѕијас во синоќешното интервју.

 

Без договор нема членство во НАТО

Министерот за надворешни работи на Грција не сакаше да говори за конкретни временски рокови за решение, а во однос на тоа ако не се постигне договор до НАТО Самитот, истакна дека Македонија без договор не влегуваат во Северно-атлантската алијанса.

– Процесот за НАТО не е дека ние сакаме да ги внесеме во НАТО, туку дека самите го бараат тоа. Ние во преговорите го  користиме фактот што тие сакаат да станат член на НАТО, рече Коѕијас, додека пак во однос на евентуални притисоци од трети страни, истакна дека тој има испратено порака до сите, и до ЕУ, НАТО, и до САД и Русија да не се мешаат, бидејќи „тој што се меша прави лошо и не сака да се најде решение“.

Грција во 1997 го признала македонскиот јазик

Говорејќи за изведените зборови што произлегуваат од името, Никос Коѕијас, откри дека терминот „македонски јазик“ бил признат од Грција во 1997 на конференција на ОН одржана во Атина.

– Знаете кога е прифатено во ОН името македонски јазик? Знае кога прв пат беше направен договорот од страна на Грција, јазикот на оваа земја да се вика македонски? Јас ќе ви кажам. Во 1997 за време на Константинос Караманлис. Знаете каде се случи ова? Се случи на конференција на ОН организирана во Атина, откри шефот на грчката дипломатија, објави МИА.


извор:МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Грцијагрчки медиумиимеМакедонијаНикос КоѕиасСпогодба
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ