• Latest

Кој манипулира со мигрантите

November 16, 2021

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој манипулира со мигрантите

Илегалните миграции се силна алатка со која се прават обиди да се испровоцираат различни општествени и политички или безбедносни промени во поедини држави и општества, што се покажало од 2015 година наваму.

November 16, 2021 07:30
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

На границата помеѓу Полска и Белорусија и понатаму владее хаос. Илјадници мигранти сакаат да преминат во Полска. Европската унија ја обвинува Белорусија дека ги охрабрува мигрантите да ја урнат оградата на границата и да поминат на територија на ЕУ што во ЕУ се толкува како хибридна војна, односно освета на Минск за санкциите кои се наметнати на Лукашенко поради  кршење на човековите права во оваа држава за време на минатогодишните избори. Состојбата не се смирува ни покрај предупредувањата на Советот за безбедност на Обединетите нации кој минатата недела за состојбата на Полско – Белоруската граница расправаше зад затворените врати. Лукашенко и понатаму и се заканува на ЕУ навестувајќи дека, доколку не престане со обвинувања и се обиде оваа недела да и наметне нови санкции кои се во најава, ќе ја прекине испораката на гас за земјите од ЕУ.

Мигранти од Авганистан на границата помеѓу Полска и Белорусија

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вели дека Русија е вмешана во мигрантската криза на белоруско- полската граница. „Во ваквото однесување постои манифестација на неоимперијалистичка политика на Москва“, изјави Моравјецки на вонредното заседавање на полскиот Сејм минатата недела.

„На секој чекор гледаме напредување на руската неоимперијалистичка политика и обид на Путин да го обнови руското царство. Да немавме одлучна акција на полската влада нашата граница со Белорусија ќе беше виртуелна и низ неа ќе поминаа десетици илјади мигранти кои Лукашенко ги довел за да ја дестабилизира ситуацијата во Полска и да го наруши единството на ЕУ“, вели Моравјецки.

Се зголемува бројот на починати

Бојот на мигранти од Сирија, Ирак и Јемен кои се заробени на границата помеѓу Белорусија и Полска се доближува до скоро пет илјади. Најголем број се заробени во пограничната зона помеѓу белоруските и полските безбедносни сили. Последните две ноќи температурата се спушти под нула. Луѓето се гладни и премрзнати, многумина болни. Варшава соопштува дека има најмалку седум смртни случаеви меѓу мигрантите, многумина кои се заробени во овој простор стравуваат од иста судбина. Според извештајот на полскиот весник „Газета Виборшча“ во изминатите недели починале десет лица. Жителите на источна Полска предупредуваат дека на нивната граница се случува хуманитарна катастрофа и дека тие не можат рамнодушно да посматраат како страдаат луѓето. Тие ги отвориле вратите на противпожарниот дом и училиштето во малото гратче Михалово, каде привремено е сместена една мала група мигранти која успеала да се пробие низ кордон од над 20.000 полски  војници кои ја обезбедуваат границата.

Руски воени вежби над Белорусија

„Едноставно не се согласуваме со ситуацијата каква што е овде, кризата мора да се канализира на хуманитарен начин“, изјави Пуртас Пур, организатор на божиќните добротворни акции.

Брисел се обидува скоро цела недела да ги убеди државите од чија територија мигрантите од Блискиот исток со авиони долетуваат во Белорусија, да ги запрат летовите. И да го спречат качувањето на мигрантите од Сирија, Ирак и Јемен во авионите што летаат за Минск. Турција е првата земја која од 12 ноември ги ограничи летовите за Минск. Турската управа за цивилно воздухопловство издаде наредба да се забрани продажба на авионски карти за Минск на граѓаните кои доаѓаат од Ирак, Сирија и Јемен.

Приземјете ги авионите за Минск

Потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас ја поздрави оваа одлука на турските власти да го органичат за одредени националности воздушниот сообраќај со Белорусија, како дел од вкупните меѓународни напори да се спречи кризата.

„Туркиш Ерлајнс“ е еден од главните меѓународни превозници која лета за Минск, и како што изјави Шинас, тие веќе ја прекинале продажбата на авионските карти во еден правец за патниците од Блискиот исток кои преку Белорусија сакаат да стигнат во Европа.
Шинас во земјите на Блискиот Исток лобира да се придружат кон напорите да се спречи приливот на мигрантите на границите со ЕУ. Тој после својата прва станица во Обединети арапски  емирати на конференција за печат во Бејрут изјавил дека Емиратите се цврсто на страната на ЕУ да се запре хуманитарна криза на границата со Белорусија.

„Ова е момент кога ЕУ смета на нашите пријатели и многу сме среќни што гледаме дека ги има многу. Илјадници мигранти од Блискиот исток се засолнуваат во ледени услови во шумите на границата помеѓу Белорусија и земјите на ЕУ, Полска и Литванија, кои одбиваат да им дозволат влез“, изјави Шинас.

Шинас после викендот треба да отпатува за Багдад и веројатно за Анкара.

Полска рампа за ЕУ мониторинг

Варшава прогласи вонредна состојба на границата. До јавноста пристигнуваат информации за тортура и убиства на мигрантите, но ЕУ не може да ги провери овие информации бидејќи Полските власти не и дозволуваат пристап на Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон во граничното подрачје. Илва Јохансон веќе со денови чека одговор од Полските власти да ја посети границата помеѓу Полска и Белорусија која е и надворешна граница на ЕУ.
Портпаролот на Европската комисија Адалберт Јанз, нагласува дека ЕУ е посветена да и помогне на Полска но и дека Полска треба да дозволи присуство на ЕУ.

 „Границите со Белорусија се и границите на ЕУ и најдобар начин на управување е да се користат заедничките ресурси на ЕУ базирани на заедничките вредности на ЕУ“, изјавил Јанз.

Советот за безбедност на ОН воочи викендот одржа седница зад затворени врати оценувајќи дека  се работи за хуманитарна и политичка криза. Тие ја осудија оркестрираната инструментализација на бегалската криза во политички цели која што ја прави Белорусија.
ЕУ го обвинува Минск дека намерно го организира и зголемува бегалскиот притисок делејќи им масовно и без контрола на мигрантите визи за да допатуваат со авиони во неговата земја од каде со камиони ги носи до Полска граница со цел да им се освети на земјите членки на ЕУ за санкциите наметнати поради насилното задушување на опозицијата.
Европската комисија веќе им се закани со санкциите на авиокомпаниите кои ги превезуваат мигрантите за Минск. Во понеделник на 15 ноември се очекува министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел да се договорат за нови санкции кон Минск. Со кои би биле опфатени околу 200 поединци и групи и одредени компании, тоа би бил петтиот пакет на мерките на ЕУ кон режимот на Лукашенко кои би стапиле на сила веќе до крајот на неделата.

Празни закани на Лукашенко

Европска унија однесувањето на Лукашенко и помагање на мигрантите да насилно ја преминат границата со Полска ја гледа како обид да се дестабилизира безбедност на Европа. Германскиот министер за надворешни работи  Хајко Мас најавува проширување и заострување на санкциите кон Белорусија, за што во понеделник ќе се разговара во Брисел. Лукашенко на ова одговара со конкретни закани.

Александар Лукашенко, претседател на Белорусија

„Доколку ни наметнат и петтиот пакет санкции нема да им простиме, што ако ние го затвориме транзитот на гас низ Белорусија, што ќе правите тогаш?“, вели Лукашенко.

ХРТ (Хрватска радио телевизија) ја пренесе оваа изјава на Лукашенко во емисијата Отворено во петок  на 12 ноември.
Меѓутоа, како што стојат работите, Русија таков потег на Лукашенко не би одобрила бидејќи тоа би бил удар за неа, и претставникот на рускиот „Гаспром“ веднаш по ваквата изјава на Лукашенко изјави дека гасоводите кои поминуваат низ територија на Белорусија не се сопственост на Белорусија, туку се во сопственост на „Гаспром“, и доколку премиерот на Белорусија евентуално и би поднел барање да се прекине испорака на гасот за Полска и Германија, би требало тоа многу сериозно и силно да го образложи. Така што, Лукашенко не би смеел да се осмели на чекори кои би ги загрозиле економските интереси и соработка на Русија со земјите од ЕУ, вели Божо Ковачевиќ, надворешно политички коментатор на ХРТ.

Тоа е само празна закана, Русија таков чекор нема да дозволи бидејќи сака да се докаже како сигурен партнер на Европа кога е во прашање сигурно снабдување со гас. Имено, низ Белорусија поминува сибирскиот гасовод преку кој Полска и Германија се снабдуваат со Руски гас, затварањето на овој гасовод би бил тежок удар за Полска и Германија.
Но, за кризата на границата со Полска видливо е влијанието на Русија. Минатата недела во Москва се состанаа министрите за надворешни работи на Русија и Белорусија по што руските медиуми објавија снимки на надлетување на руските бомбардери над територија на Белорусија, како поддршка на Минск. Професорот на факултетот за политички науки во Загреб, Роберт Бариќ, вели дека во заднина на целата оваа мигрантска криза пред Полската граница е многу комплицирана игра помеѓу Европската Унија и Путин, каде Лукашенко е само пиун во целата игра, бидејќи Русија минатата година му помогна на Лукашенко да победи на изборите што предизвика реакции на опозицијата на кои тој реагираше со гушење на човековите права и поради тоа уследија санкции на ЕУ. Од друга страна Путин гледа да ја направи Белорусија комплетно зависна од Москва, а белоруската армија е практично интегрирана со руската војска.

Германската канцеларка Ангела Меркел во заминување се обиде да ја смири ситуацијата. Таа минатата недела разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин и побара и тој да влијае на претседателот на Белорусија Лукашенко, бидејќи се работи за очигледна манипулација со мигрантите и тие стануваат жртва на една нехумана политика.

Ангела Меркел, германска канцеларка

Мигрантите како алатка на политиката

„Илегалните миграции се силна алатка со која се прават обиди да се испровоцираат различни општествени и политички или безбедносни промени во поедини држави и општества, што се покажало од 2015 година наваму“, вели Гордан Акрап, експерт за безбедност на Институтот за истражување на хибридни конфликти. Факт е да Лукашенко сака да ги искористи овие илегални миграции како против одговор на политиката на ЕУ. Меѓутоа ситуацијата не е како 2015 поготово  позицијата на Турција е сосема различна и таа нема да го помага овој бран.

Гордан Акрап, експерт за безбедност на Институтот за истражување на хибридни конфликти

Меѓутоа, овие хибридни закани не се упатени само кон ЕУ. Полска и Литванија и Латвија се земји членки на НАТО, сакам да потсетам дека НАТО во 2018 година донесе одлука хибридните закани да се сметат како иницијална каписла за активирање на Членот пет на атлантската спогодба. Тоа значи, дека кога е една земја членка на НАТО под хибриден напад од точно лоцирана држава, има право да побара помош од сите земји членки на НАТО сојузот. А балтичките држави и Полска се членки на НАТО сојузот. Натрупувањето на руските воени трупи на границата со Белорусија, и адекватен одговор на НАТО во балтичките земји укажуваат дека се наоѓаме на работ на сериозна криза. Од друга страна и од Киев пристигнуваат вести дека Русија на нивната граница распоредила 90.000 војници. Меѓународната заедница и САД поради ова изразиле загриженост и упатиле предупредување до Москва да не се обидува да ја повтори грешката од 2014 кога го анектирала Крим.

„До војна нема да дојде бидејќи тоа ни на Путин не му одговара затоа што на тој начин би ја прекинал секоја врска со Запад. Но Русија сака да врши континуиран притисок врз Полска и Балтичките држави, а посебно врз Белорусија и Украина покажувајќи ја на нивните граници своја воена сила. Затоа кај таканаречена Смоленска порта во Русија од каде води прав пат кон средиштето на Европа  има распоредено формација од речиси 600 тенкови, 50.000 војници 600-800 оклопни транспортери, 400 самоходни топови, и кај Ленинград моторна бригада со 15.000 војници… Таа војна формација според војната моќ е посилна од копнените сили кои заедно ги имаат Полска, Балтичките држави Германија и Холандија, и учествуваа во воената вежба „Запад 2021“.

“Путин тоа го прави за да на границите со НАТО држи тензична атмосферата. Ваквата ситуација на граница може да избега од контрола, но сите се надеваат дека нема да дојде до сериозни инциденти бидејќи на Руската федерација не и е во интерес да дојде до комплицирање на односите со Запад,  што и би довело до евентуален воен конфликт. Така што, до конфликт сигурно нема да дојде, а Лукашенко е спореден играч и ќе мора да се повлече од потезите кои ги прави на границата со Полска“, вели Гордан Акрап.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ