Предвремените парламентарни избори на 15 јули не затекнаа во нови околности поради пандемијата на корона вирусот. Јавното здравје е сечиј приоритет и сите се згрижени како и кога ќе излеземе од оваа здравствена криза. Од тие причини надлежните органи, но и здравствените институции подготвија протоколи со чие почитување може се превенира и се заштитува не само гласачот, туку и сите изборни органи задолжени за спроведување на изборите.
Од тука важноста на гласањето и одлуката што секој поединец ќе ја донесе ќе влијае на тоа какво општество ќе имаме, какво здравство, социјални политики, инфраструктура, па сѐ до негување и применување на демократските и европски вредности.
Но важноста на гласањето и излезноста на гласање придонесуваат и до зголемување на одговорноста на оние што ќе бидат наши претставници во Собранието и Владата, затоа што секој глас на изборите ја гарантира нивната легитимност. За секој проблем со кој се соочуваме вклучително и пандемијата од Ковид-19 потребни се функционални институции и функционална држава, потребно е некој да преземе одговорност, но и да обезбеди здрава и безбедна средина за живот и развој на демократијата.
Затоа излезноста на гласање и остварување на гласачкото право има клучна улога за секој поединец активно да учествува во градење на едно демократско општество.
Фотографија: Томислав Георгиев