• Latest

Кокетира ли опозицијата со ромските гласачи?

November 9, 2016
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кокетира ли опозицијата со ромските гласачи?

November 9, 2016 14:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште само неколку дена останаа да се достават листите со кандидати за пратеници кои ќе настапат во изборната трка. Опозициската партија СДСМ пред неколку дена ја изгласа листата на кандидати, но сé уште се отворени неколку позиции за коалиционите партнери. Интересно е дали во коалицијата предводена од СДСМ, ќе има ромска политичка партија? Дали СДСМ ќе остане доследна или ќе ги разочара „своите“ лојални ромски гласачи? 

10599119_1145612902133558_7387936387436943090_n
Пишува: Дехран Муратов

Самка Ибраимовски од ПЦЕР, најави бојкот на изборите, затоа што во коалицијата не се исполнети барањата на неговата партија. Но, дали тоа нешто (ќе) им значи на СДСМ? Дали опозицијата ќе ѝсврти грб на единствената ромска политичка партија која ги поддржуваше во изминатите 10 години? Дали опозицијата заборави која ромска политичка партија имаше шатор во „Кампот на слободата“ пред Владата, со паролата „Џатуке Никола!“ (Оди си Никола!)… Или, можеби, во опозицискиот список ќе се најде името на министерот без ресор, Неждет Мустафа, кој најави дека на овие избори, нема да коалицира со неговиот десетгодишен коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ…?

На списокот на СДСМ, засега сигурно место има Курто Дудуш, на несигурното 7 место за пратеник, во Изборната единица – 2. Меѓутоа, колку тој ќе биде успешен против Амди Бајрам, кој најверојатно ќе биде на листата на ВМРО-ДПМНЕ и кој во изминатите изборни циклуси редовно е апсолутен победник во Шуто Оризари? Дали опозицијата има стратегија како ќе ги освои ромските гласови? Дали ќе коалицира со некого што 10 години му служел на режимот…?!

Мора ли опозицијата да ги има на листа претставниците на сите етникуми? По секоја цена? Мора ли на местата на листите, резервирани за коалиционите партнери, да се поставуваат личности, пред сé, како претставници на етнички партии, значи, според нивната етничка припадност? Зарем не е поважна квалификацијата и стручноста? Граѓан(к)ите бараат вистински промени, а не замени. На граѓан(к)ите, вклучувајќи ги Ромите, нема да им биде толку битна етничката припадност на некој политичар, ако тој добро си ја врши работата. И, во конкретниот случај, ако се залага за остварување на барањата на Ромите. Но, и обратно, каква корист има од фактот дека е Ром, ако е „безгласна буква“? Да, убаво е да има претставници од сите етнички заедници во парламентот, но вистински претставници, кои ќе се залагаат за правата на „своите“.

Граѓан(к)ите знаат да ја препознаат лојалноста и тоа го наградуваат. Гледано низ призмата на најпопуларната споредна работа на светот: голманот на „Јувентус“, Буфон, можеби денес не е најдобриот, но сите навивачи го сакаат и почитуваат, пред сé, заради сé она што го постигнал, но и затоа што, лојално, не го напушти тимот, кога го исфрлија во Втората италијанска фудбалска лига. Навивачите (гласачите) знаат да наградат со аплаузи, но ако се почувствуваат изневерени, можат и постојано да исвиркуваат…

Дел од лидерите на ромските партии го напуштаа тимот во моментот кога ќе предвидеа дека ќе загуби партијата која ја предводи коалицијата… Дали конечно, ромските гласачи ќе ги исвиркаат оние кои се обидуваат редовно да играат на победничката карта (партија)? Со тоа што некој ќе го смени дресот, не значи дека ќе стане подобар играч (политичар). Неговата игра и тактика е јасна, но, дресот не игра, човекот игра… Некој ќе каже, дека можеби треба конечно, да им се даде шанса да се докажат, затоа што со години тренерот (лидерот на партијата што ја предводи коалицијата), всушност, и не ги пуштал да играат, ги држел на клупа (во министерска или директорска фотелја, ама не им дозволувал да покажат што знаат и умеат). Но, со долгогодишното седење на резервната клупа (удобната фотелја), човек губи осет за играта (во политиката – и за критиката), па и не може да заигра во првиот тим…

 

Tags: избориНеждет Мустафаромски гласачиСамка ИбраимовскиСДСМсписоци за пратеници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ