поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Министерот Филипче и денеска не кажа, ниту некој го праша, дали и натаму активистите на ДУИ продолжуваат да ги посетуваат семејствата за да им кажат само дека не се сами, како што Али Амети соопшти пред почетокот на Рамазан и дали, според негово мислење, без тие посети, бројот на заразените ќе беше уште поголем, односно колкав е придонесот на 10.000 активисти ангажирани од Б. Османи.
*
По сѐ изгледа скапо ќе ја платиме цената на пандемијата, поради заостанатоста, незнаењето, неодговорноста и фанатизмот на толку големиот број наши граѓани, како и несериозното поведение на некои политичари демагози, кои и оваа ситуација се обидуваат да ја користат за лична и партиска пропаганда.