• Latest

Колку со задолжување може да се креира раст на БДП?

June 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Колку со задолжување може да се креира раст на БДП?

June 13, 2025 19:00
in ЕКОНОМИЈА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ

Претставници на власта упорно нè замајуваат дека со владините трошења, особено од задолжувања, парите ќе се „завртеле“ повеќекратно и дека БДП (бруто домашниот производ, односно збирот на сé што се произвело во земјава) наводно ќе пораснел повеќе од задолжувањето. Научните студии велат дека не е така.

Во макроекономијата постои поимот „Кејнзов мултипликатор“, односно „множителот на Кејнз“, којшто кажува за колку евра ќе порасне БДП, ако Владата потроши едно евро за јавна потрошувачка:

Раст_на_БДП = К * Нова_јавна_потрошувачка

Истиот мултипликатор важи и за задолжувањето, со чија помош Владата на вересија стимулира јавна потрошувачка и го крева БДП-то:

Раст_на_БДП_од_задолжување = К * Ново_задолжување

Тука К е Кејнзов множител, кој во идеални услови би требало да биде поголем од единица. Според литературата, само во исклучително ефикасни економии К достигнува до 1,1…1,3. За жал, поради разни „протекувања“ на парите, било заради увоз, било поради корупција и кражби при јавните набавки, овој коефициент е прилично помал од единица. Анализирајќи многу студии, научниците нашле дека тој изнесува од 0,21 до 0,66 во повеќето земји. Во високозадолжени земји овој коефициент може да биде дури и негативен, до -2! (Извор: Mercatus Center)

Тоа значи дека задолжувањето не може дури ни целосно да се претвори во БДП, а камоли да се умножи, како што власта сака да нé убеди, спротивно на резултатите од научните студии. Накусо кажано, ќар до колена – зијан до гуша.

Така дознаваме и дека од ланските 339 милиони евра од унгарскиот кредит вбризгани во домашната економија, при К=0,5, растот на БДП што се должел на кредитот изнесувал 170 милиони евра, односно 1,1% од БДП. Ако го одземеме од реалниот раст (пресметан според цени од референтната 2005 година), којшто изнесува 3,0% (а не 3,5% како што ни кажуваат), тогаш „органскиот“ раст на БДП кај нас изнесувал само 1,9%. Толку од приказната за „најсилната економија во Европа“. Патем научивме дека на оваа Влада не може повеќе ништо да ѝ се верува, односно дека немилосрдно манипулира со граѓаните.

Во македонски услови, споредувајќи го растот на задолжувањето (околу 7% годишно во последните 34 години) со растот на БДП (околу 3,5% годишно во истиот период), произлегува дека само дел од новиот долг успевал да се претвори во раст на БДП, а остатокот бил или одлеан во странство (преку увоз на добра и услуги) или едноставно бил украден, па не влегол во БДП.

Кај нас БДП расте додека има нови задолжувања, а ако нема – живурка на околу 2% годишно. Но, долгот останува засекогаш тука и расте заради каматите! Тоа се вика „раст на БДП на вересија“, односно привремен и привиден раст. Властите, пак, овој „раст на вересија“ ни го прикажуваат како нивен наводен успех, а не ни кажуваат дека двапати по толку ќе мораме утре да вратиме. Кога ќе дојде часот за раздолжување, БДП ќе мора да опадне. Тоа е добро документиран економски феномен, особено по финансиски „бумови“ и крахови.

Доаѓаме до денешниот ден (12 јуни), кога Македонија ќе се задолжи за 1,7 милијарди евра за непотребната и загубарска брза пруга. Во секоја од наредните 5 години, додека трае повлекувањето на парите од заемот, ќе се задолжуваме за 340 милиони евра годишно, односно 2,1% од БДП.

Од овие пари, 30% веднаш ќе заминат во Велика Британија, согласно обврските кон нивната агенција UKEF за финансирање на извозот, која ќе ни ги позајми парите. Дури и без никакво крадење, Кејнзовиот мултипликатор опаѓа веднаш на 0,7. Но, тука доаѓа и увозот на странски компоненти и странска работна сила, што дополнително ќе го намали К. Во идеален случај, без корупција и крадење, Кејнзовиот множител кај нас нема да надмине 0,5, што значи дека во тие години додека трае изградбата, БДП ќе ни расте за најмногу 170 милиони евра по овој основ, односно за околу 1,1%. На вересија, се разбира.

За наша преголема жал, овој раст не е органски, туку вештачки, со помош на нов долг кој само ќе расте поради каматите и поради тоа што нето добивките од работењето на пругата нема да бидат доволни да ги покријат ниту каматите, а камоли да ја отплатуваат главницата. Потоа ќе мораме да земеме нов кредит за рефинансирање на стариот и така во недоглед. Доказ за ова е што денеска слушнавме дека со парите од британскиот кредит ќе мораме да им плаќаме на Бехтел и Енка за уште еден загубарски проект, односно непотребните автопатишта. Ќе мораме така, бидејќи веќе имаме постоечки буџетски дефицит и немаме пари за да градиме со свои пари.

Единствениот начин за да се обезбеди раст на БДП над околу 2% годишно (што е недоволно за просперитет), претставува ново задолжување за ново вештачко пумпање на БДП. Тоа е исто како однесувањето на наркоман, кој повеќе не може без уште повеќе дрога, додека долговите за дрога му се трупаат.

Тоа ќе трае сè додека не настапи несолвентност, односно точката кога поради пад на кредитниот рејтинг никој нема да сака повеќе да ни позајмува пари, а ние нема да можеме повеќе да ја исплатуваме ни каматата на нашите кредити. Моментално, Македонија мора да плаќа речиси 300 милиони евра годишно за камати, а бидејќи тие пари ги нема поради буџетскиот дефицит, мора да се задолжува и за тие камати.

Дури и без нови инвестиции, нашиот долг неминовно расте, не само поради каматите, туку и поради непродуктивните трошења. Наскоро ќе започнат да течат и каматите на британскиот кредит (околу 80-90 милиони евра годишно), а ќе мораме да го зголемиме и трошењето за вооружување (нова обврска кон НАТО) за уште 2,5% од БДП, односно за 375 милиони евра годишно.

Тоа ќе го продлабочи буџетскиот дефицит од сегашните 600 милиони евра на 1,05 милијарди евра годишно за многу кратко време. Околу една петтина од нашиот буџет ќе мора да се дополнува со задолжување. Затоа е најправилно да се каже дека нашиот моментален буџетски дефицит не е само 4% од БДП, туку е дури 10% од буџетот, што е огромна дупка. Ако тоа трае со години и децении, се натрупува планина од долг. Тоа е слично како со Преспанско Езеро: навидум му фали малку вода, колку протокот на реката Драгор, ама за 60 години се изгубила повеќе од половина од водата во езерото и невозможно е сега да се надомести.

Наместо да ги зголемат даноците (а нашата власт тоа не го прави, за да го штити крупниот капитал), ќе мораме уште повеќе да се задолжуваме, сé до конечниот крах на јавните финансии. Мислејќи дека со намалување на даноците го зголемуваат БДП, само го зголемуваат задолжувањето, што еден ден ќе направи пад на БДП. Просто кажано, без вистинска продуктивност нема раст на БДП, сé друго е измама.

Само што народот, анестезиран од владината пропаганда преку нејзините медиуми, кои прават огромна штета со своите активности, не е свесен што му се случува.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ