• Latest

Колку воведувањето на нови технологии ќе ја врати довербата на гласачите

January 17, 2019
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Колку воведувањето на нови технологии ќе ја врати довербата на гласачите

January 17, 2019 15:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија денеска на стручна тркалезна маса „Примена на нови технолгии во изборните процеси“, со претставници на ИФЕС, ОБСЕ/ОДИХР, невладините организации и претставници на министерствата и надлежните органи за спроведување на избори, дискутираше за можноста од воведување на електронско гласање, сигурноста и искуствата од ваквиот принцип на гласање во други земји, биометриската верификација на гласачите и за автоматизација на изборниот процес.

Оливер Деркоски, претседател на ДИК

„Се одлучивме на овој чекор со цел да го унапредиме самиот изборен процес. Јасно ни е дека не може тоа да се направи веднаш и избрзано и да се воведат за наредните избори што следат. Но, исто така ни е јасно дека треба веќе да почнеме… Во Република Македонија може да се констатира дека во изминатиот период зависно од изборните циклуси, постојано во извештаите што ги добиваме од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да се забележи дека има постојан напредок во организацијата и спроведувањето на изборите, но остануваат забелешки за кои ние треба да се трудиме да ги отстраниме и да ја намалиме можноста за злоупотреба на било кого во самиот изборен процес“, изјави Оливер Деркоски, во воведното обраќање потенцирајќи дека ДИК е само еден фактор во спроведување на изборите.

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ташевска Ременски, изјави дека во минатото клучни за оценката на спроведувањето на некој изборен процес, пред сè, биле техничките оценки. Според неа забелешките на релевантни меѓународни организации биле земени предвид со цел да се коригираат во следните изборни циклуси, со цел враќање на довербата кај граѓаните.

Фросина Ташевска Ременски, потпретседателката на Собранието на Република Македонија

„Фактот дека сите овие прашања се релевантни за дебата, отвораат и други прашања од аспект на пристапот на гласачите до избирачкото место, стручноста на избирачките одбори, стручност од аспект на примена на овие технологии, финансиските средства потребни за имплементирање на новите технологии во изборните циклуси, стручноста на самите членови на ДИК, соработката со останатите институции и секако уставно загарантираното право на секој граѓанин во Македонија да го исполни своето право на глас“, изјави Ременски.

Таа нагласи дека кога се зборува за примена на нови технологии, најчесто се зборува за е-гласањето и автоматизиран систем за биометриска верификација за изборите, што е добра можност за полесно гласање на граѓаните, државјани на Македонија, да го искористат нивното уставно загарантираното право на глас.

Со оглед дека биометриската база на податоци ја поседува МВР, но, како што изјави Ременски,  тоа не значи дека  ДИК не треба да соработува со други институции.

Јоана Косма, ИФЕС Македонија

Јоана Косма од ИФЕС Македонија пред учесниците истакна дека различни се контекстите во кои овие технологии се применуваат во различни држави. Некои земји во светот, меѓу кои и во регионот, ги користат, а некои ги отфрлиле.

Косма истакна дека со биометрискиот начин се спречува  повеќекратно гласање, се зголемувеа  довербата во валидноста на Избирачкиот список и на изборите генерално, а како недостатоци ги наведе случаите каде ваквите технологии не може да решат проблеми поврзани со државјанството, возраста и местото на живеење. Таа додаде дека се работи за скапи технологии кои подлежат на сајбер напади и дека треба секогаш да се внимава на безбедноста на податоците.

Карстен Шурман, експерт за нови технологии на гласање

Во својата презентација Карстен Шурман, експерт за нови технологии на гласање, зборуваше токму за сигурноста во примена на новите технологии на гласање и како тие влијаат на довербата кај граѓаните. Шурман истакна дека самите изборни процеси преку е-гласање се соочуваат со негативните ефекти од непријателското опкружување.

Познато е дека преку сајбер напади, но и инсајдерско дејствување, со влијание врз функционери на изборната администрација, волонтери во изборни штабови, мониторинг мисии или вработени во релевантни институции, постојат многу можности за влијание врз изборните процеси.

На настанот беше истакната целта да се поттикне дискусија меѓу релевантни страни во спроведување и учество на изборите преку примена на новите технологии на гласање чија крајна цел е заштита на гласачкото право и јакнење на довербата кај гласачите. Сепак, прашање на капацитети и време е колку воведувањето на нови технологии ќе ја врати довербата на гласачите. На маргините на настанот, медиумите побараа поединечни изјави поврзани со оваа иницијатива, но и за изборите воопшто, од неколку присутни, меѓу кои и од потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ