Во контекст на актуелните реформи во образованието, како и најавената дигитализација на учебниците, во продолжение, став на проф. д-р Катерина Колозова објавен на нејзиниот Фејсбук профил:
„Они биле за ЕУ, “но так ниска”, ем да се додворат на ЕУ делегација – “за дигитализација сме, како не, АМА…” – ем све да остане ко што било. Не ме занима ни Мила, ни МОН, ни нивните недовршени реформи – особено непочнатите и катастрофалниот закон од 2018 кој во основа е ист ко тој од време на Грујо и Мила не го ни чепнала. Дно во Болоња извештаите меѓу 2018-2020, АПСОЛУТНО ДНО во Европа. Ме занима само кој во ова општество разбрал што е обединет дигитален пазар, зошто дигитализацијата има врска со економија базирана на знаење, и што значи тоа за пообединета Европа – и борба против климатски промени (криза). Ако оваа влада под притисок на конзервативни сили фати обратен правец, ме гледате на спротивната страна, но сигурно не со тие што викаат “поспоро со реформите”, туку со тие што викаат побрзо и подлабоко. Која рупетина од земјиче сме! Или ќе се појават прогресивни сили што стојат зад вредности, неврзани за ниту една партија – или не ја бива земјава. ПС а ја сум од оние што викаат дека Грета Тунберг е недоволно радикална“, вели Колозова.