Утрово на Комисијата за заразни болести се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб, соопшти министерот за здравство, др. Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Од среда, 16 јуни:
-Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
-Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
-Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.