• Latest

Комисијата за заразни болести со зелено светло за отворање на училиштата на 1 септември

August 7, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Комисијата за заразни болести со зелено светло за отворање на училиштата на 1 септември

August 7, 2020 15:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Преовладува позитивно мислење и во Kоординативниот кризен штаб и во Владата, но и во образовните институции, учебната година да почне со физичко присуство. Не прејудицираме, се разгледуваат сите можни опции, ги имаме протоколите за сите модели на настава кои се подготвуваат низ инклузивен пристап со консултација на сите засегнати страни за да имаме издржани решенија“, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми.

На видеосредба со медиумите на која беа презентирани резултати од истражување за искуствата од онлајн-наставата во минатата учебна година, Адеми кажа дека има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите. Зелено светло за модалитетите, како што рече, е дадено од Комисијата за заразни болести со која во детали ги разработиле, добиле ставови и од СОНК и овие денови се очекува нивното финализирање.

„Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада  да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба. Имаме време пред нас“, рече Адеми.

Во однос на петициите од родители на социјалните мрежи против отворање на училиштата, но и против онлајн-настава, тој одговори дека каква опција и да се понуди или да се преземе некое решение, секогаш ќе се најдат луѓе кои ќе даваат отпор или ќе најдат причина за да ги оспорат. Тој додаде дека затоа сите одлуки ги носат преку пристап на вклучување на сите засегнати страни и преку истражување и анализа. Притоа  нагласи дека конвенционалната настава во училница е незаменлива и дека и во најразвиени земји кои имаат беспрекорни технички услови за е-настава таа не се организира во целост.

 

На видеосредбата беа презентирани резултати од истражувањето „Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на КОВИД-19“, кои покажуваат дека околу половина од анкетираните родители, директори и наставници сметаат дека треба да се продолжи со наставата во училиште од септември. Околу третина од родителите, директорите и наставниците се за комбиниран пристап во настава на далечина (комбинирање на одделенија или денови во неделата).
Истражувањето е спроведено од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на Реактор-истражување. Опфатило мислења од околу 10 000 испитаници  (210 директори на училишта, 6400 наставници и 3400 родители) прашани преку онлајн-анкета во јуни и јули.

Речиси 59 проценти од анкетираните директори, 58 проценти од анкетираните наставници во основното и 48 проценти од средното образование, како и 46 проценти од анкетираните родители ја поддржале редовната настава во училница во согласност со протоколите. За поддршка на комбиниран модел на настава во училница и на далечина  се изјасниле 36 проценти од анкетираните директори, 33 проценти од наставниците во основното и 38 проценти од наставниците во средното образование, како и 35 проценти од родителите.

 

Повеќе од половина од наставниците (54 отсто) сметаат дека во трите месеци онлајн-настава (март-јуни) се зголемил бројот на ученици кои имаат тешкотии да го усвојат наставниот материјал, а 77 отсто од наставниците во одреден период од наставата на далечина не можеле да остварат контакт со учениците. Мнозинството наставници рекле дека имаат потреба од обука за користење на образовна технологија. Мнозинството анкетирани родители имале тешкотии да ги поддржат своите деца за време на учењето на далечина. Од нив, 61 процент се изјасниле дека нивните работни обврски ги спречувале да им посветат дополнително време потребно за поддршка на онлајн-учењето. Пристапот до интернет и до компјутерска опрема, исто така, бил пречка за некои домаќинства, така што 37 проценти од родителите изјавиле дека децата морало да делат лаптопи или компјутери со други членови на семејството, а други дека немале стабилен интернет. Дека немаат пристап до лаптоп или компјутер кажале 5 отсто.

Повеќе од половина од директорите сметаат дека нивното училиште има услови за одржување безбедна физичка дистанца, а 94 проценти од нив сметаат дека нивното училиште има услови за одржување на мерките за хигиена.

Министерот Адеми рече дека иако и досега на различни начини, посредно и непосредно, добивале сознанија за искуствата на засегнатите во образованието, ова истражување, рече, е најрелевантно и добиените резултати најдобро ги сумираат искуствата на поединците.

Претставничката на УНИЦЕФ во земјава  Патриција ди Џовани истакна дека пандемијата наметнала преориентација кон далечинско учење за децата да не изгубат од образованието и да нема застој, но дека, како што рече, има сѐ повеќе докази за негативното влијание од затворените училишта –  долгорочни последици врз учењето на децата, безбедноста, здравјето и благосостојбата.

 

„Доколку отворањето на училиштата не ни е приоритет, ќе забележиме назадување во образовните придобивки стекнати во последните години. Најдобрите интереси на децата мора да бидат централни при носењето одлуки за тоа кога и како училиштата повторно ќе се отворат“, истакна Ди Џовани, нагласувајќи дека мора да се дејствува сега за децата да не станат, како што рече, „скриените жртви на оваа пандемија“.

На презентацијата беше посочено дека резултатите од ова истражување даваат дополнителен увид за да се поддржи Владата во планирање и донесување одлука за модалитетите и протоколите за повторно отворање на училиштата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ