Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова денеска, на прес конференцијаги презентираше резултатите од увидот на патниот правец Драгичево – Долна Дикања, каде се случи автобуската несреќа на автобусот на Беса транс од Република Северна Македонија.
Увидот на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања беше спроведен откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, што можеле да придонесат за кобната несреќа во која загинаа 45 лица, објави бугарската БНТ.
На пресот присуствуваа и замениците министри Валентин Граматиков и Иван Шишков, првиот човек на Советот за национална безбедност, арх. Влади Калинов и проф. Божидар Јанев, кој предава на Универзитетот Колумбија и 30 години работи на полето на одржување на мостови во Њујорк, појасни Комитова.
Историјата на овој пат започнува во 2002 година со одобрен технички проект и градежна дозвола. Во 2006 година има дополнителна дозвола за изградба на патни клучки. Законот 15 е издаден во 2007 година и е автопат со ограничување на брзината од 90 km/h. Не е познато зошто во 2013 година максимално дозволената брзина е зголемена на 120 километри на час.
-Не можеме да тврдиме дека зголемувањето на максималната брзина од 120 километри на час е главната причина за несреќата, вели Комитова.
Очигледно, голема брзина не била причина за несреќата , но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус, додаде таа.
Она што може да го направи Министерството за регионален развој и јавни работи како краткорочни мерки е да ја замени ознаката и да ја намали максималната брзина на 90 км/ч, рече министерката Комитова.
Сакаме што поскоро да ги завршиме сите процедури и да го пуштиме овој пат во функција, но не очекувајте дека ова ќе биде автопат, нагласи тој. Овој пат никогаш не е проектиран да биде автопат и не ги исполнува условите, вели заменик министерот Шишков.
Заштитната ограда што го дели кривината од главниот пат ќе остане, но ќе биде од различен тип, објаснуваат од регионалното министерство. Што можеме да направиме годинава, ќе направиме, децидна е Комитова.Имаме ноќно возење, имаме дожд, имаме пат, имаме возач кој можеби бил болен. Имаме пожар и ситуација во која не можеме да објасниме како изгоре овој автобус за толку кратко време. Имаме многу фактори.
Ова е област каде што нема концентрација на несреќи, па затоа има многу фактори кои придонеле за овој случај. Нема недвосмислен одговор, вели Комитова.