• Latest

Компаниите со заштитна опрема и дистанцирање во производството за безбедни производи на потрошувачите

April 25, 2020

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Компаниите со заштитна опрема и дистанцирање во производството за безбедни производи на потрошувачите

April 25, 2020 09:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заштина опрема за работниците во производствените капацитети, обезбедување растојание од ,1,5 до два метра меѓу нив и по потреба во повеќе смени, се дел од мерките за заштита од ширење на коронавирусот што ги донесе Владата со уредба, а кои според дел од компаниите што ги контактиравме се веќе секојдневна рутина во производствениот процес. Посочуваат дека сите мерки се применуваат, а целта е безбедни произоди и задоволување на потребите на потрошувачите, кои за одредени најосновни продукти се и зголемени.

Согласно со препораките од Министерството за труд и социјална политика, работниот процес компаниите треба да го оганизираат така што во погоните треба да се лимитира бројот на вработени до таа мерка што меѓу работниците да има растојание од 1,5 до два метра,  во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини, во текот на работното време од вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциско средства  на база на алкохол). Воедно, да се врши почесто проветрување на работните простории, односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно преку природна и вештачка вентилација, еднаш неделно да се дезинфицираат сите работни простории, особено погоните, од овластена служба за тоа, во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19, со или без симптоми, лицето веднаш да се изолира и да се пријави до надлежен Центар за јавно здравје.

Мерките предвидуваат  да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници , во случај на потреба од административна работа, потпишувањето  хартиени докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе, односно заштитна маска и ракавици. Потоа лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема, возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема и да не се одржуваат состаноци иколегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил.

Придржувањето до препораките за организација на работењето се заштитата на здравјето на работниците, што е  основен услов за заштита на економијата. Владата и стопанството имаат иста цел – во услови кога се спроведуваат мерки и активности за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, истовремено да се организира работењето на компаниите за што поефикасно справување со негативните последици. Од Владата апелираат до правните субјекти дека во оваа вонредна состојба сите треба да покажеме одговорност и оти инспекциските служби се на терен и го следат почитувањето на препораките.

Од „Жито лукс“, за МИА велат дека како одговорна компанија, ги следат сите препораки на Министерството за здравство, како и дека спроведуваат дополнителни мерки што сметаате дека се соодветни.

-Приоритет ни е здравјето на вработените, но и општата здравствена состојба на граѓаните и затоа ние ги зајакнавме мерките за заштита преку редовна и зголемена дезинфекција на сите производствени фабрики, простории, како и на целата наша флота камиони. Бројот на вработени по смена е намален и нивното движење е ограничено. Секој вработен во производството носи заштитна облека и заштитни додатоци. Процесот на производство е организиран да се одвива постојано, со цел да се обезбеди навремена достава на производи низ целата земја, истакнуваат за МИА од „Жито лукс“.

Од „Витаминка“, исто така, посочуваат дека реагирале навремено и ги следат сите препораки што доаѓаат од надлежните институции.

-Со засилени и зголемени заштитни мерки за вработените и за самиот процес, целото производство во Витаминка се одвива континуирано. Реагиравме навремено, следејќи ги сите препораки што доаѓаа од надлежните институции. Воспоставивме целосна реорганизација на сите процеси во рамките на компанијата при што контактите меѓу вработените се сведени на минимум, со задолжително носење на комплетна заштитна облека, а со постојано дезинфицирање на сите простории  и возила.

Навремена реакција и воведување превентивни мерки за заштита се спроведени и во „Бимилк“.

– Ситуацијата и импактот на пандемијата на вирусот Ковид19 за сите нас дојде како несакано изненадување и никој не беше однапред подготвен за ваков обем на криза. Сепак, со следење на препораките од Министерство за здравство и од Владата, на време реагиравме и ги воведовме сите превентивни заштитни мерки за вработените, вклучително и оние што работат на терен, како и за партнерите и добавувачите со обезбедување заштитна опрема, средства и строго почитување на процедурите и протоколите. Се преструктуриравме и направивме реорганизација на сите процеси во компанијата со цел превенција на физички контакти и највисоко ниво на заштита, соодветно на природата на работата во прехрамбената индустрија, велат во изјава за МИА од „Бимилк“.

Инспекциските служби се на терен и спроведуваат контрола за почитување на мерките и препораките на Владата. Последните информации што ги сподели претседателската на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашковска од 19 март до 21 април се спроведени 33.173 инспекциски надзори од кои 26.569 се од Државниот пазарен инспекторат.  Генералната оценка на Трудовиот инспекторат е дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот.

Во дел од поголемите прехранбени капацитети во земјава процесите на производство се континуирани, а потребите на потрошувачите задоволени.

Трите компании Жито Лукс, Витаминка и Би Милк посочуваат дека со дополнителни напори тие го одржуваат производството во континуиет и дека ги задоволуваат потребите на потрошувачите и овозможуваат производите да стигнат до полиците во продажните места, а воедно потрошувачите да се чувствуаат безбедни и сигурни дека им се постојано достапни неопходните прехранбени производи.

-Досега, иако со многу дополнителни напори, работевме според планот и успеавме да ја задоволиме побарувачката на пазарот без поголеми проблеми. Компанијата ги апсорбира сите зголемени дополнителни трошоци што настанаа како обид да се заштитиме од Ковид-19 без да пренесе товар на потрошувачите. Со тоа, „Жито Лукс“ ја потврдува социјалната одговорност што ја има во периоди кога потрошувачот треба да се чувствува безбедно дека ваквите неопходни производи се постојано достапни и по иста цена, велат од оваа скопска компанија.

Оттаму истакнуваат дека сепак, ова е нов предизвик со кој се соочуваат луѓето во компанијата и оти се благодарни што имаат посветени вработени.- Општествената одговорност, велат за МИА,  што ја покажуваат нашите луѓе, наоѓањето храброст да работат напорно и решено во рамките на ова стресно опкружување за да се задржи чувството на спокојност кај потрошувачите, бидејќи ги наоѓаат своите омилени производи достапни секој ден во маркетите и на семејната трпеза, е едноставно неверојатно. Ние произведуваме основни прехранбени производи и правиме сè што е потребно за нашите производи да се најдат во секое време и во доволна количина на продажните места.

Со вообичаена динамика и непречено се одвива и производството во прилепска „Витаминка“.

-Како општествено одговорна компанија, „Витаминка“ и понатаму останува блиска со своите потрошувачи. Нашите продажни служби се постојано на терен, доставувајќи  ги потребните прехранбени производи во сите населени места во земјава. Иако изложени на ризик, тие со максимална заштита на себе се обидуваат да стигнат до секое продажно место за да не останат потрошувачите без потребните производи во овој период. Инаку, нашето производство се одвива непречено и според вообичаената динамика. Имаме зголемена побарувачка за некои производи кои влегуваат во основни прехранбени како, маслото „Брилијант“, супи, корнфлекси, зачини, витамински напиток и други, истакнаа за МИА од „Витаминка“.

И во „Бимилк“ со засилени и зголемени заштитни мерки се одвива производството континуирано и непречено.
-Целото производство, со засилени и зголемени заштитни мерки се одвива континуирано и непречено. Со промени во организацијата и зголемување на логистичките капацитети, одговоривме успешно и на зголемената побарувачка, така што нашите производи се достапни секаде и во секое време, наведуваат од „Бимилк“. 
Процес на враќање во нормала се најавува да започне во мај, но оценките се дека тој нема да биде како пред корона кризата. Премиерот Оливер Спасовски истакна дека се подготвува сериозен план по првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Оцени дека тоа нема да биде бргу, ниту веднаш.
Сузи Котева Стоименова
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ