• Latest

Комуналното претпријатие од Охрид исфрла кучиња на депонија!

June 8, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Комуналното претпријатие од Охрид исфрла кучиња на депонија!

June 8, 2017 14:12
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Климент Арнаудов, граѓански новинар и активист за правата на животните од Охрид, испрати до ЦИВИЛ – центар заслобода информација за тоа како Комуналното претпријатие од Охрид го решава проблемот со бездомните кучиња во градот. Во текстот објавен на clp.mk, Арнаудов пишува: „Ситуација: Депонија Буково, ден 07 јуни 2017, час 17.00. Она од што стравувавме, дека кучиња се заловени од комуналната служба и дислоцирани, се покажа вистина. Душиве ги снема преку ноќ, откако се вртеа на плоштад… (фотографии од тој период https://m.facebook.com/story.php…). Дошле петокот во ниедно време, со бело комбе, и истурале чиниш отпад, а не живот. Која грозоморност, со наши пари плаќаме грозоморности вакви да прават, да наредуваат грозоморија, ужас!“

 
„Оваа црната е бремена, пред пораѓање, мајкичка треба да е, а ко партал непотребен ја исфрлиле. Оваа шаренката, со пари од проект од Oпштината, ‘Анималиа’, ја стерилизира и ја врати на место на заловување (раната од операцијата сè уште се познава). Она црното, со бело, требаше да го згрижиме и да го токмиме в Холандија да го вдомат, откако странци покажаа интерес, со денови се изнабаравме поџабе низ град, за лица од институцијата ЈП ‘Комуналец’, еве вака, го исфрлат и него. Преплашени ги затекнавме, нејадени со денови со оглед што тука има кучиња од порано што терен си чуваат и над храната што во отпад ќе ја најдат доминираат. Ова е рамно на обид за убиство! На последните слики, пред самиот влез на депонијата, прегазено кутре, ете како ненавикнати на таква средина и исплашени, под кола завршуваат лесно, но и причина за нечиј изгубен човечки живот во сообраќајќа може да бидат“, пишува граѓанскиот новинар.

„Ова е крајно незаконито и нечовечно, и ако некој од одговорните не сноси санкции за ова грозоморие, само ќе се испрати лоша порака за градот и граѓаните… Ветеринарните инспектори си молчат, еве ние вака, граѓаниве, треба и тоа нивното да го сработуваме, да истражуваме, да контролираме, оти грам човечност не остана во оние ш’о на клучни позиции запоседнаа, и пример што требаше да ни бидат. Еве, каков пример тоа ни се…
Апелирам, лицата од ЈП ‘Комуналец’ да не ми вртат на телефон и да ми објаснуваат како што минати пати тоа чинеле, по секоја основана критика кон нив упатена. Тоа што в лице ме лажеле и мене и другите активисти, тоа говори за ничкосаноста на нивната душа, од која душа таква трпат и кученцава сироти. Од денес, освен по институционален пат, поинаку муабет не чинам со нив. И со доказен материјал, еве, се виде нивното право лице. Се гледаме на суд!“, пишува Климент Арнаудов, граѓански новинар од Охрид.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бездомни кучињадепонија БуковоКлимент АрнаудовКомунално претпријатиеОхрид
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result