• Latest
Петрит Сарачини

Кон заборавениот 20-годишен јубилеј на Кодексот на новинарите на Македонија

November 14, 2021
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Кон заборавениот 20-годишен јубилеј на Кодексот на новинарите на Македонија

November 14, 2021 22:00
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

20-годишниот јубилеј од усвојувањето на Кодексот на новинарите на Македонија, основен етички документ за новинарите во земјава, и годинава, традиционално, беше одбележан – со молк и игнорирање од новинарските здруженија и саморегулаторни тела.

Овој молк и недостаток на елементарна култура за некаква институционална меморија и вредности е само пластичен пример за состојбите, не само во новинарската професија и општествена улога.

Додека молчи еснафот, од секаде ечат пропаганда, лажни вести, дезинформации, навреди, омраза…Јавната и медиумската комуникација се целосно деградирани, во нив не само што отсуствуваат релевантност, факти и аргументи, туку се веќе лишени дури и од елементарна пристојност.

А саморегулацијата? Наспроти оваа експлозија на не – новинарство и пропаганда, таа кај нас е со мал опфат, најчесно игнорирана од оние што ги кршат правилата, немоќна, неефикасна, а честопати знае да биде и штетна, особено кога се обидува да биде себедоволна, да ги гледа работите „одозгора“, и барајќи ја удобната позиција на „неутралност“ и „баланс“ – да се оддалечува и од вистината, и од реалноста.

„Напорите за саморегулација треба да се обноват и да се следат со конкретни резултати за унапредување на професионалните стандарди на новинарството“, вели Европската комисија во извештајот за напредок на земјава кон ЕУ годинава.

Не е ни чудно што е така. Некој „дигнал рачна“ и ги сопрел напорите. По две години мал напредок и исчекорот со регистарот на онлајн медиумите, новинарите и медиумите направија многу малку за да ги средат своите редови и да воспостават поефикасни механизми кои, на крајот на денот, ги штитат и нив и нивниот труд од непрофесионалците и пропагандистите.

Во пракса, наместо повеќе одговорност кон јавниот интерес, во медиумите и новинарството, честопати дури и во оние што важеа за поугледни редакции, добивме многу повеќе неодговорност и непрофесионалност, и секојдневно газење по професионалните и етичките стандарди.

Помина многу време од тој 14 ноември 2001 година, кога, во мошне тежок период за нашата земја, новинарите направија исчекор во вистинска насока, и го донесоа документот кој не е само основа за воспоставување стандарди во професијата, туку и патоказ за јавноста и граѓаните, за тоа кој е всушност новинар и што е новинарство, а што не е.

Во меѓувреме, се смени светот, се сменивме и ние. Покрај нашето балканско возбудливо секојдневие, во овие 20 години ја живеевме и експлозијата на информатичките технологии, кои донесоа неограничени можности во комуникацијата за медиумите и новинарството, но и за многу други ентитети и индивидуи. Неограничени можности буквално за сите – и младо и старо. И за добро, но и за лошо.

Работите во медиумите и новинарството воопшто во светот, за жал, се сменија – на полошо.

Медиумите и новинарите престанаа да информираат, едуцираат и забавуваат. Тие ги изгубија не само своите медиумски функции, туку и својата посредничка улога на „филтер“ кој до публиката ги пренесува информациите релевантни за јавниот интерес и во име на јавноста ја бара вистината и одговорност од државата, институциите, јавниот и приватниот сектор и сите општествени чинители.

Наместо тоа, медиумите најчесто стануваат алатка на пропагандата – идеолошка, политичка, економско – маркетиншка…Важат други стандарди, не новинарските, туку на комуникации што припаѓаат на нешто друго – на трговијата и пазарот. Наместо во одбрана на јавниот интерес, многу медиуми и новинари се ставија во одбрана на интереси на центри на политичка или економска моќ. Наместо новинарскиот Кодекс, за многу луѓе во професијата почнаа да важат некои други „кодекси“ и „правила“.

Но, како еден од 40-тината потписници на усвојувањето и објавувањето на Kодексот на новинарите на тој 14 ноември 2001-ва, лично, обврската преземена пред 20 години и ден – денес ја чувствувам како голема чест и одговорност.

И, затоа, речиси секоја година, кога другите молчат, чувствувам за потреба да потсетам на овој датум, на Кодексот на новинарите кој треба да биде ‘свето писмо’ на секој вистински новинар, но и на секојдневното газење на стандардите и етиката на професијата, како и на борбата што ја водиме и ни претстои за вистината секогаш да дојде до граѓаните.

И решенијата за подобра иднина на професијата не треба да се измислуваат допрва, тие лежат токму во овој документ. Не во формата и хартијата, туку во суштината на тоа што е запишано. Таа е приказната со векови, се менуваат технологиите, платформите, но суштината на новинарството останува иста, запишана и пренесена и во принципите на тој Кодекс.

Неговото почитување, солидарноста врз тие вредности наспроти оние што им служат на центрите на пропаганда и дезинформации, и прифаќањето на одговорноста а не само на привилегиите на новинарството, може да придонесе многу за подобрување на состојбите.

Но и општата јавност, од најмлада возраст, треба да биде добро запознаена со новинарската етика и саморегулација. Тие треба да станат механизам во рацете на јавноста, и да придонесат за поуспешна одбрана на јавниот интерес наспроти центрите на моќ кои, токму преку корумпирање на овие вредности, сакаат да го јавнат новинарството, а со тоа и јавноста.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ