• Latest

Конечно, молк!

September 27, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Конечно, молк!

September 27, 2018 22:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Конечно, молк! Два дена молк пред фамозниот референдум, кој се надеваме дека конечно ќе ни ја реши судбината. Во овој момент молкот се чини како единствениот прифатлив вид на предупредување на избирачката маса дека е време конечно да остане сама со себе и да ја донесе одлуката што смета дека е најисправна. Секој за себе.

Маја Ивановска

Иако овој пат граѓанките и граѓаните на Македонија немаат можност да бираат помеѓу две истакнати безличности, сепак, не беа лишени од просветителни говори на нервозни мажјаци… Бидејќи, нели во политиката (со исклучок на две-три за универзална употреба) нема место за жените. Можеше да се отвори барем корисна расправа за моделите на рекламирање на политичките празнини, бидејќи тие тоа и се. Без никакви информативни содржини, нешто што ќе ги привлече граѓаните да седнат и да размислат. Да прочитаат. Сами. Па уште еднаш да повторат. Па да донесат некаков заклучок. За жал, наместо конструктивна дебата, и овој пат, постојано бевме изложени на јавен говор, налик на клокот на надојдениот Вардар кој неуморно удира врз некое исфрлено парче бела техника.

Молкот, се чини, остана единствената колку-толку легитимна фигура преку која спротивставените табори, би можеле да кажат нешто значајно за целата ситуација. Единствено молкот, комплетното отсуство на тон, би ни обезбедил макар минимална согласност меѓу формата и содржината. Во најмала рака, многу е попристојно ништо да не зборуваш, отколку да не кажеш ништо, или – она што особено важи за сите чинители во овој процес – да говориш спротивно на она што го правиш. Всушност, вистината никогаш не им припаѓала на политичките доблести.

Колкава можност за манипулација се крие зад параваните на политичките говори од изминатиот период се виде овие денови. Лажни пропаганди, сеење омраза и страв, ширење ксенофобија и хистерија, наспроти ветувања за подобра иднина, мед и млеко, право и правда, небаре наредниот ден ќе се разбудиме во ветената земја за која сонуваме најмалку 27 години.

Како и да е, полека влегуваме во финишот. Сега сме оставени сами на себе. Или барем би требало. Иако знаеме дека пропагандистичките рерни ќе се пуштат на најјако токму во овие два дена, би било убаво за момент да заборавиме на сите будалаштини кои ги изнаслушавме и да донесеме информирана одлука. Можеби е доцна, но никогаш не е предоцна.

Јас, искрено не верувам дека тоа што го нарекуваме памет и совест на нашите политичари, и она што како такво се совпаѓа со она што странските челици им го наметнуваат како мерка за совест и ум, ќе им дозволи да делуваат според нивно сопствено убедување, без оглед на тоа што се изложени на постојани притисоци. И кога зборувам за ова мислам на сите кампањи што ги видовме изминатиот период.

Пред сè, затоа што не им е целта ниту бранење на нешто што и онака не е под закана, ниту им е целта остварување на зацртаните цели. Не можам и не сакам да верувам во тоа, кога знам дека во оваа земја сè уште не се носат закони поради правната еднаквост и добросостојбата на своите граѓани, туку заради диктатот на правосудните бирократи од Европската Унија. Да не беше така, тогаш и нашето прокламирано „враќање кон европската цивилизација“ немаше да се сведе на избор на мнозинството.

И на крајот на денот, ќе помине и овој „фестивал на демократијата“, ќе треба кога-тогаш да се зафатиме со реални проблеми, внатрешни, опипливи, оние кои го гушат нашето секојдневие, без разлика кој ќе го води орото… Не знам за вас, но мене навистина ме мачи денот потоа…

На тој ден повторно ќе треба да се погледнете во очи, да се разминете на улица, да седнете во истата кафана, да чекате на истиот шалтер. Што на денот потоа?

Не знам за вас, но мене навистина ми е потребна оваа тишина… И каква и да е одлуката која ќе ја донесете, помислете за момент на утре…

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ