Денеска ќе се одржи конференцијата „Инфраструктурата го поттикнува развојот и ја поддржува климатската акција“ на која, како дел од завршниот настан на проектот „Зајакнување на капацитетите на Северна Македонија за управување со јавната инфраструктура“, финансиран од Обединетото Кралство како поддршка за Кабинетот на заменик-претседателот на Владата за економски прашања и имплементиран од УНОПС, ќе се презентира Единицата за следење на инфраструктурни проекти, информираат од прес службата на Владата.
На конференцијата ќе се обратат заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини и министерот за транспорт и врски Бочварски.
Пред почетокот на конференцијата, вицепремиерот Битиќи ќе даде изјави за медиуми, информираат од владината прес служба.