• Latest

Конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата од руралните населени места и од ромските средини во пристапот до здравствена заштита“

December 13, 2022

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата од руралните населени места и од ромските средини во пристапот до здравствена заштита“

December 13, 2022 09:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе одржи прес-конференција на тема „Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата од руралните населени места и од ромските средини во пристапот до здравствена заштита“.

Наодите од истражувањето, кое го спроведе ЕСЕ ги детектираа клучните проблеми со кои се соочуваат жените од руралните средини во пристапот до услугите за женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата.

– Иако мнозинството од жените од рурални средини имаат избрано матичен гинеколог, сепак постои значителна незадоволена потреба од гинеколошка здравствена заштита. Имено 32 отсто од жените од рурални средини не посетуваат гинеколог дури ни кога имаат потреба од тоа. Оддалеченоста на ординациите на матичните гинеколози од руралните средини, недоволниот број на матични гинеколози во регионите, проследено со финансиските трошоци за пат, како и наплаќањата од страна на матичните гинеколози се клучните причини за оваа состојба, велат од ЕСЕ.

Од Здружението додадоа дека жените од руралните средини се несоодветно опфатени со програмата за скрининг на рак на грлото на матката, бидејќи за период од четири години само 26 проценти од овие жени биле опфатени со оваа програма.

– Воедно се бележат бариери и во пристапот до здравствена заштита за време на бременоста кај жените од руралните средини, па така  осум отсто од бременостите поминуваат без ниту една здравствена контрола, додека жените кои одат на преглед прават пет до шест здравствени контроли за време на бременоста, наместо потребните осум до 10 прегледи. Опфатот со патронажни посети за време на бременоста и по породувањето исто така е недоволен во руралните средини. Здравствените контроли на доенчињата родителите од одредени рурални средини не можат да ги вршат кај педијатар, пред се поради недостиг од матични педијатри во регионите каде живеат, наведоа од ЕСЕ.

Наодите од истражувањето на ЕСЕ укажуваат и на клучните проблеми со кои се соочуваат жените Ромки во пристапот до услугите за женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата.

– Имено само нешто повеќе од половина од жените Ромки имаат избрано матичен гинеколог, пред се поради тоа што немаат матичен гинеколог во својата општина, како и поради наплаќањето на услугите од страна на матичните гинеколози. Поради овие причини и 35 отсто од жените Ромки не одат на гинеколошки преглед дури и кога имаат потреба од истиот. Особено се истакнува проблемот дека 40 проценти од жените Ромки не можат финансиски да си ги дозволат гинеколошките прегледи. Сите овие причини влијаат на тоа да помалку од 20 отсто од жените Ромки биле на редовен превентивен гинеколошки преглед во последните 12 месеци. Само 12 проценти од жените Ромки се опфатени со Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката на Министерството за здравство во периодот од 2018 до 2021 година, истакнаа од Здружението.

Оттаму посочија дека во однос на здравствената заштита за време на бременоста, нотирано е дека 8,3 отсто од бременостите кај жените Ромки поминуваат без ниту една здравствена контрола. Од Здружението додадоа дека само околу една третина од жените Ромки се посетени од патронажна сестра по породувањето, при што состојбата е најкритична во општината Шуто Оризари.

– Сите горенаведени состојби можат да имаат значително негативно влијание врз здравјето и животот на жените, мајките и децата од руралните средини и од ромските заедници. За сите овие теми, подетално излагање на конференцијата ќе имаат наши претставници, се вели во соопштението од Здружението ЕСЕ.

Tags: еманципацијажениРомирурални средини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ