Втората конференција на Асоцијацијата: Центар за анти-тероризам и мир “Гардијан”- Куманово, беше посветена на пост-Ковид состојбата на глобалната и регионалната безбедност, состојби, перспективи и предизвици.
Конференцијата беше поделена во два дела, а во првиот дел како говорници учестуваа професор Трајан Гоцевски, поранешен Министер за одбрана и професор д-р Златко Димовски од Фскултетот за безбедност, Скопје. Двајцата говорници се осврнаа на ризиците по безбедност со кои се соочи нашата земја за време на пандемијата со Ковид-19,и мерките што беа воведни за заштита на јавното здравје.
Како практично пандемијата на Ковид влијаеше на работата на институција што директно зависи од меѓународна соработка, но и безбедноста во здравството зборуваше м-р Емилија Петрова, од Дирекција за радијациона сигурност.
На конференцијата се обрати и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала кој зборуваше за „Местото и влијанието на медиумите во сферата на безбедноста“, но се осврна и на влијанието на дезинформациите и пропагандата врз стабилноста и безбедноста на едно демократско општество.
Свое воведно обраќање има и претседателот на Асоцијацијата Бранислав Јовчевски, кој на учесниците на крајот на КОнференцијата им подели и благодарници.
На крајот на Конференциајта на крајот беа доделени и благодарници за соработката, поддршка и придонес кон Асоцијацијата.