• Latest

Конференција за социјален активизам на „Engage“ 2021

May 31, 2021

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конференција за социјален активизам на „Engage“ 2021

May 31, 2021 09:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број домашни и странски активисти, поединци и иницијативи кои се залагаат за општествени промени на 29-ти мај беа дел од десеттото, јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE, кое годинава го имаше своето прво хибридно издание каде што домашните говорници говореа во живо од МСУ, додека пак странските говорници се вклучуваа преку платформата за видео комуникација ZOOM.

На платото на Музејот на современа уметност се зборуваше за активизмот, промените кои ги донесе пандемијата, но и за пркосот на оние кои решиле да ѝ се спротивстават на апатијата, со цел да го направат светот подобро место за живеење и да се изборат за општествени промени.

На ENGAGE 2021 виртуелно учествуваа интернационалните говорници: Гитанџали Рао, иноватор и научник од САД; DJ Switch, активистка и диџејка од Нигерија; Вандита Морарка, квир активистка и адвокат за човекови права од Индија; Јигит Гоктуг Торун, активист од Турција и  Влад Илич, македонски актер и комичар кој живее во Велика Британија. Публиката пак, во живо имаше можност да ги слушне  приказните на домашните учесници: Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“; Александра Манолчева и Дина Дамјановиќ од „Ways2Help“; Стефан Алексиќ од „Challenger“, Петар Антевски од „Пресврт“ и медицинарот Денис Јанкуловски – Космонаутко. Во улогата на модератори на настанот влегоа Наталија Теодосиева и Дамјан Цветановски од импров групата “НАСТАП”.

Гитанџали Рао, „Дете на годината“ според магазинот „Тајм“ зборуваше за тоа како желбата да помогне, заедно со посветените ментори и нејзиното учење и истажувањето, ѝ помогнаа да пронајде нови технологии во многу различни области, како уредите кои откриваат олово во водата за пиење.

„Детската перспектива ми помогна да пристапам поинаку во барањето на решенија за проблемите, особено за проблемите со пристап до чиста вода. Правото на чиста вода е основно право и треба да го имаат сите. Ова го правев секој ден и стана навика – како до пристап за чиста вода“, раскажува младата иноваторка Гитанџали Рао.

DJ Switch, активистка и диџејка од Нигерија зборуваше за музиката како активистичка алатка. Нигерија и Северна Македонија имаат многу сличности – една од нив е апатијата, истакна нигериската активистка и диџејка Свич. Активистката Вандита Морарка пак се осврна на суштината на активизмот, и го постави прашањето дали е доволно да се санираат последиците, или треба да се бара решение за причините на еден проблем.

Влад Илич, инаку македонски актер и комичар кој сега живее во Велика Британија, од својата спална соба раскажа како е да си млад имигрант од Источна Европа што живее во Лондон. Турскиот студентски активист Игит Гоктуг Торун пак, зборуваше за студентските протести во Турција кои траат од 2016 година и за нивната борба за автономија и демократија.

Од македонските говорници, прв на сцената на ENGAGE застана Борче Стаменов, херојот од Кавадарци кој успеа да обезбеди над 800 компјутери за децата кои немаат.

„Имавме доста половни машини што не ги фрливме и се случи во 2016 сосема случајно во фирма, ни дојде самохрана мајка да праша дали има половен компјутер за нејзините дечиња и го однесе дома. Кога гледаш колкава радоста се раѓа, нè поттикна да креираме Фесјбук страна, каде комунициравме со сите што сакаа да донират и да примат донација“, се потсети тој на почетоците на акцијата „Донирај компјутер“.

Епипата од иницијативата „Ways2Help“ ја раскажа приказната за првата дигитална платформа што нуди помош за плаќање струја и вода на социјално загрозени семејства, додека Стефан Алексиќ од „Challenger“ зборуваше за тоа како дошле до идејата да ги  мотивираат луѓето да се вклучат во борбата против аерозагадувањето, но и да седат дома, за време на карантинот. Младиот продуцент Петар Антевски од „Пресврт“ своето обраќање го посвети на вониституционалните театари како слободен простор за креирање, како и на начините за нивно финансирање.

Јубилејното издание на ENGAGE го заокружи човекот во скафандер, кој го откри рецептот – како да се остане позитивен кога коси пандемија.  

„Целосно маскиран во заштитен скафандер, ракавици и визир ни беше секојдневие со колегите 13 месеци во разни временски услови. Кога ќе фатеа жештините пречеше, но тоа беше состојба на ум, дека се работи за масовното здравје на луѓето. Илјадници километри се извозени низ Скопје, некои низ шега велат дека можам место Гугл мапс да зборувам, или да сум таксист. Околу 6500 лица истестирав за откривање на вирусот – или вештерката, како што си го нарекувам“, истакна здравствениот работник Денис Јанкуловски, познат како Космонаутко.

Конференцијата се одржуваше според протоколите за организирање настани за спречување на ширењето на корона вирусот, со ограничен број на публика, и пренос во живо на Фејсбук страната на Радио МОФ.

Конференцијата ENGAGE 2021 е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ, а поддржана од National Endowment for Democracy.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ