Проектот финансиран од ЕУ „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на
стручното образование и обука и образованието за возрасни“, ќе одржи завршна конференција
во хотел Лимак, Скопје.
Говорници ќе бидат г-ѓа Весна Јаневска, Министерка за образование и наука, претставник на
Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, г. Лудмил Ковачев, тим лидер на проектот како и претставници на различни национални образовни институции и регионални центри за стручно образование.
На Конференцијата ќе се презентираат главните резултати и достигнувањата на проектот, ќе се зборува за потенцијалот за одржливост на резултатите од проектот како поддршка на агендата за реформи на секторот во Северна Македонија, како и за улогата на резултатите од проектот за подобрување на системот за постсредно образование во Република Северна Македонија.
Дополнително, ќе се претстават и резултатите од проектот како поддршка на понатамошното воспоставување на системот за валидација на неформално и информално учење (VNFIL), но и оние за усогласувањето на постојниот систем за обезбедување квалитет во стручното образование и обука (СОО) со eвропската рамка за обезбедување на квалитетот во стручното образование и обука EQAVET.
За перспективите за понатамошен развој на новите регионални центри за стручно образование и обука во Струмица и Велес, избрани од проектот, ќе говорат директорите на овие центри.