• Latest

Конфликт Израел – Палестина: Дезинформации, говор на омраза и поделби

October 9, 2023
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Конфликт Израел – Палестина: Дезинформации, говор на омраза и поделби

October 9, 2023 16:33
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За конфликтот меѓу Израел и Палестина постојано се шират шпекулации, невистини и непроверени вести во јавноста. На социјалните мрежи и во дел од медиумите се шири говор на омраза и дезинформации.

„Ај ши*****, ај палестинци исти гомна се. Така и вие северните не знаете кај нуркате со глата“, пишува том том на социјалната мрежа Х, позната како Твитер.

Ниту еден конфликт не може да помине без да му се даде македонски контекст, односно да се обидат одредени структури политички да профитираат. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев предничи во „поддршката“ на Хамас.

Апасиев на социјалните мрежи напишал: Десничарите се за Израелците. Левичарите – за Палестинците. На овој статус реагираше поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов пришто напишал: „А оние што имаат барем 2 грама памет се против војна и човечки жртви…“.

Дел од ботовите не изоставија да го „оцрнат“ Рамковниот договор и Бадентер.

Советникот на Левица во општина Аеродром, познат како Чиз, ја „прославува“ акцијата на Хамас, со дефокус, споредувајќи ја со „неуспехот“ на НАТО во Украина.

Самопрогласениот политичар Петар Богојески од Македонски концепт, шири лажни вести дека во Чаир, Скопје на надвозникот кај “Јахја Паша” се поставени знамиња на Палестина и според него „проамериканските Албанци прославуваат исламистичка интифада и масакар врз цивили“.

Истата фотографија ја сподели и Миленко Неделковски.

Меѓутоа вистината е дека оваа фотографија во Чаир е од 2021, мај, и ја објави порталот МКДенес, кој неофицијално е на Петар Богојевски, со наслов „Скопје под опсада.“

Непотврдени видеа за киднапирани и малтретирани деца 

Многу корисници на социјалните мрежи споделуваа видео за кое тврдат дека покажува како Хамас ги држи израелските деца во кафези.

Корисникот Ashlea Simon@AshleaSimonBF на Твитер напиша: „Израелски деца киднапирани и чувани во кафези од Хамас. Ова е варварско, но што очекувате од дивјаците“.

Видеото имаше повеќе од еден милион прегледи.

Корисникот Еliot Ness го објави видеото при што напишал „Израелски деца киднапирани од домовите во појасот Газа. И после да го подржам Хамас, никад. А корисникот Wickend Mrchatina го сподели статусот на Еliot Ness додавајќи коментар: ,,Не е лошо да се знае што поддршуваат димчињата… левичарите де”.

Корисникот Џексон Хинкл, исто така, на Твитер напиша: „Виралното видео во кое се тврди дека прикажува израелски деца киднапирани и чувани во кафези од Хамас е лажна (првично споделена од Рајбар).

На десната страна се лицата на палестинските деца кои всушност биле убиени од израелските сили“.

Но, дали е ова навистина така?

На Фејсбук се споделуваат видеа на палестински деца кои наводно се држени во кафези од израелските одбранбени сили. Всушност, во извештајот на Sun News во 2017 година се зборува за палестински деца кои се држат во кафези. Тековното видео кое стана вирално на социјалните мрежи всушност е старо, а не тековно како што се прикажува.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ продолжува со својата работа уште поинтензивно. Со оглед на обемната материја, потребна е помош од совесните граѓанки и граѓани, кои можат да пријавуваат случаи на дезинформации, говор на омраза и други облици на нарушувања во јавната комуникација, како и загрозување на човековите права и слободи.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ