• Latest

Конкурс за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

March 2, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конкурс за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

March 2, 2020 12:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Отворен е конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“.

На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, поврзани со следните теми: слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќта и основни човекови права, корупција и организиран криминал.

Наградниот фонд за 2020 година во Република Северна Македонија (за новинарски производ објавен во 2019) изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 и третата 2.000 евра.

На конкурсот може да се пријават поединци или групи на новинари со свои дела од сите новинарски форми (печат, онлајн, радио и ТВ) објавени или емитувани во медиумите во Република Северна Македонија на македонски, албански, на некој од јазиците на заедниците или на некој од светските јазици.

Критериумот за учество е сториите со кои се аплицира да биле објавени во печатен, онлајн, радио или телевизиски медиум во календарската 2019 година.

„Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ на Западен Балкан и Турција има за цел да ги истакне и промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција.

Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како член на конзорциумот, ќе ги координира активностите поврзани со конкурсот во Северна Македонија.
Организациите вклучени во проектот имаат екстензивна експертиза во областа слобода на медиуми и локално и на меѓународно ниво се препознаени како силни независни медиумски организации.

Жири комисијата за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ е составена од експерти за медиуми, некои од нив и од проектниот конзорциум. Други пак се избрани од широката мрежа на контакти која ја имаат членките на конзорциумот, како што се уредници, универзитетски професори и искусни и наградувани новинари.

Рок за пријавување: 1 април 2020.

За повеќе детали контактирајте го Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници: ssnm.info@gmail.com или +389 2 2671 201.

Формуларот за аплицирање е достапен на следниов линк.

Упатството за аплицирање е достапно на следниов линк.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ