• Latest

Конкурс за стипендии за средношколци Роми и повик за ромски oбразовни медијатори

September 25, 2024

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Конкурс за стипендии за средношколци Роми и повик за ромски oбразовни медијатори

September 25, 2024 09:58
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 1.200 стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година, со рок за аплицирање до 10 октомври 2024.

Стипендиите ќе бидат доделени во четири категории во зависност од постигнатиот успех на средношколците Роми во последната учебна година, со месечен износ од 1.200 до 3.000 денари во траење од девет месеци.

Во објавениот Конкурс се наведени условите што треба да ги исполнуваат кандидатите и потребните документи кои треба да ги прикачат на http://e-uslugi.mon.gov.mk заедно со пополнетата електронска пријава.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 11 ноември 2024 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука.

МОН исто така објави и Јавен повик за ангажирање педесет ромски oбразовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2024/2025 година. Во повикот се наведени критериумите за избор на медијатори и општините во кои е потребен нивниот ангажман.

-Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на  информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците, наведува МОН во објавата.

За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 18.000 денари бруто за период од три месеци во текот на 2024 година и седум месеци во текот на 2025 година.

Кандидатите кои ќе се пријават треба најдоцна до понеделник (30 септември 2024) до Министерството за образование и наука да ги достават документите наведени во Јавниот повик.

Извор: МИА 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ