• Latest

Конечна потврда од МВР за поткупот на гласачите

December 25, 2016

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Конечна потврда од МВР за поткупот на гласачите

December 25, 2016 18:47
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наспроти обидите на одредени медиуми да ги дисквалификуваат информациите на ЦИВИЛ за поткуп на гласачите, конечно се потврдени овие случаи и со соопштението на МВР во 14:30 часот денеска. Го пренесуваме соопштението во целост.

Во врска  со пријавениот  настан на  24.12.2016 година во СВР Тетово за сторено кривично дело – “примање на поткуп“ по член 162 од КЗ на РМ  од  страна на СВР Тетово  превземени се мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, изготвен е записник за прием на кривична пријава во кој пријавителот пријавил дека две лица С. Ш и Ф.И  во периодот  од 22.12.2016 до пријавувањето на 24.12.2016 година година вршеле кривично дело – “поткуп при избори и гласање“, на тој начин што, во вечерните часови биле кај пријавителот и уште во неколку семејства во с.Теарце на кои им нуделе  од  100 до  500 евра за еден гласач, за да не го остварат своето избирачко право.

Наедно, ги барале нивните личните карти или нивни копии. Од обавениот разговор со пријавителот е утврдено дека на  22.12.2016 година лицето С.Ш дошол во неговиот дом и ги побарал личните карти од членовите на неговото семејство кои имаат право на глас и побарал да не гласаат за што ќе му бидат дадени парични сретства. Пријавителот не ја прифатил ваквата понуда.

По добиената пријава и обавениот службен разговор, за поднесената пријава е известен Дежурниот јавен обвинител при  ОЈО Тетово. Од негова страна е наложено вклучување на ОКП Тетово за превземање на сите мерки и активности  за расчистување на случајот и  дадена е насока да се повикаат лицата наведени во Записникот за прием на пријава и со истите да се извршат службени разговори. Притоа, од страна на ОЈО при ОЈО Тетово на началникот на ООК-ОКП Тетово му се дадени насоки лицата што се посочени во записникот како сведоци и можни сторители да не се повикуваат во СВР Тетово  во текот на  24.12.2016 година и 25.12.2016 година  со цел да не се прекине изборниот процес и со постапката да се продолжи од понеделник 26.12.2016 година.

 

Од страна на СВР Тетово во  врска со пријавениот настан за сите превземени мерки и дејствија сочинет е службен материјал и известување до ОЈО Тетово.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориМВРТеарцеЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ