Концертна промоција на деветтиот албум на „Сетстат“

Скопската џез група „Сетстет“, утревечер, во Станица 26 ќе го промовира деветтиот албум насловен „IX9“, со почеток од 21 часот. 

Концертниот настап е во организација на ПМГЏЕЗ и 3Гонга, а дискографската куќа PMGJazz, која е огранок на PMG Recordings го издаде овој албум.

„Соработката со ПМГЏЕЗ е нова инспирација за 3Гонга. Затоа и го организираме овој концерт со сплотени сили. Сетстат е мислата, изразот на нашата генерација. Секој нивен албум е своја приказна. Тие го отсликуваат нивното, нашето скопско секојдневие и искрено се надевам дка нивното музичко секојднение ќе го пренесат и на надоаѓачките генерации. Нашата посветеност како 3Гонга е музиката, преку која сакаме, заедно со сите кои творат во земјава да оставиме длабок печат позади себе. Како што и името е во чест на радио емисијата која во свое време остави длабока трага кај тогашните генерации и беше креатор на јавното музичко мислење, во овој период 3Гонга има за цел она што порано имало можност само да се слуша на носач на звук, сега и да се слушне и види во живо“, вели Александар Пејчиновски од 3Гонга.

Влезниците можат да се набават преку продажните мрежи на kupikartizase.com и karti.com.mk по цена од 250 денари, а пред почетокот на концертот, на билетара цената ќе биде 300 денари.

А. П.