• Latest

Концесијата за Иловица се очекува да биде одземена

June 26, 2019
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Концесијата за Иловица се очекува да биде одземена

Со оглед на тоа дека концесијата за рудникот Иловица е истечена уште пред три години, извесно е дека одлуката на Министерството за економија ќе биде во полза на барањата да не се отвори рудникот за бакар Иловица.

June 26, 2019 10:38
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица е практично донесена, бидејќи се стекнати формално-правно условите за раскинување на договорот со концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, брифираат извори од владата, јавува МЕТА.

Ова практично значи дека, по истекот на седумте дена, дадени на вчерашната владина седница на Министерството за економија за „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато“, на „Еуромакс Рисорсис“, на локалитетот Иловица, општина Босилово и општина Ново Село, Министерството ќе го одбие барањето на концесионерот.

Со оглед на тоа дека концесијата за рудникот Иловица е истечена уште пред три години, на што постојано укажуваа и еко-активистите и претставниците на локалното население кое веќе подолго време се спротиставува на отворањето на рудникот, извесно е дека одлуката на Министерството за економија ќе биде во полза на барањата да не се отвори рудникот за бакар Иловица.

Жителите и вчера по деветти пат го блокираа влезот во просторот на рудникот Иловица за вработените на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“ и на археолозите од струмичкиот Завод за заштита на споменици и Археолошки музеј, бидејќи стравуваа дека археолошките ископувања на просторот на концесијата, финансирани од концесионерот, практично значат подготовка за отворање на рудникот.

Јасни беа пораките на граѓаните на општините Босилово и Ново Село на информативната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши во февруари: рудникот во Иловица не смее да проработи.

Заев и Бектеши тогаш рекоа дека нема компромис со здравјето на луѓето.

Компанијата „Еуромакс рисорсис“, која е инвеститор на рудникот за злато и олово Иловица – Штука, во 2014 склучила договор со владата за концесија.

Граѓаните тогаш изнесоа повеќе аргументи, но главниот беше дека делот каде треба да се гради рудникот е земјоделски крај, кој живее од зеленчукот кој се извесува во регионот.

„Се работи за значајни одлуки што ќе влијаат на иднината на овој регион тука, како на целиот Струмички регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа се обидуваме да изнедриме најпаметни одлуки согласно законите во Република Македонија и одлуки за кои никогаш нема да се каеме. Граѓаните треба да знаат сe и граѓаните се последни во процесот на одлучување – рече тогаш Заев.

Премиерот потсети и дека минералните суровини се потенцијал за развој насекаде во светот, така и во Македонија, но, како што рече „не под какви било услови“, јавува МЕТА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ