• Latest
Фото: Лојане/Бојан Блажевски

Концесионерот го раскина договорот за експлоатација на арсенот во Лојане

February 17, 2022
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Концесионерот го раскина договорот за експлоатација на арсенот во Лојане

February 17, 2022 09:52
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Фото: Лојане/Бојан Блажевски

Фото: Лојане/Бојан Блажевски

Share on FacebookShare on Twitter

Турската компанија „Калтун Мадденџилик“ доставила до Министерството за економија барање за едностран раскин на договорот за концесија заради немање економски интерес за понатамошно извршување на концесијата, информираат за Мета.мк од Министерството за економија, пренесува Мета.мк.

Концесионерот се повикал на членот 52 од Законот за минерални суровини при поднесувањето на барањето на едностраниот раскин на договорот. Инаку, турскиот концесионер во август 2014 година го склучил договорот со македонската влада, со којшто требаше да ја експлоатира техногената минерална суровина на локалитетот „Лојане“. Договорот за концесија со компанијата важеше до 25.8.2024 година, односно до овој период тие можеа да вршат експлоатација на арсенот и другите отпадни материи.

Од турската компанија за Мета.мк информираа дека од почетокот на концесискиот договор до денес од јаловиштето во рудникот „Лојане“ успеале да продадат околу 60 тони од вкупната процената количина што се наоѓа на локацијата, а која што е во износ од околу 15.000 тони арсен сулфид.

Концесионерот ни изјави дека тие немаат должност за експлоатација на преостанатите околу 1.000 тони отпадна јаловина кај Табановце, бидејќи оваа локација не била вклучена во тендерската постапка.

Во меѓувреме, од Државниот инспекторат за техничка инспекција на 4 февруари годинава излегоа на терен и извршија инспекциски надзор во рудникот „Лојане“. Тие утврдија дека концесионерот го нема оградено просторот околу јаловиштето со арсен и други отпадни минерални суровини и немаат поставено информативна табла за опасностите кои демнат од опасниот отпад.

Воедно, инспекторите утврдиле дека на приодите до рудникот „Лојане“ не се поставени знаци за предупредување од опасност од користење на водата од јаловиштето – капење во таложното езеро, поење на добитокот на приодите и други активности кои би можеле да бидат опасни за населението и животните.

„Во однос на претходно наведеното од наша страна е издадено Решение за отстранување на недостатоци (да се огради просторот на јаловиштето со заштитна ограда и да се постави информативна табла за опасностите кои демнат од складираниот арсен и други минерални суровини, и на приодите да се постават знаци на предупредување за опасност од користење на водата јаловиштето“, се наведува во известувањето од Државниот инспекторат за техничка инспекција.

Инаку, Мета.мк и Порталб.мк беа на терен во декември лани и утврдија дека двете локации кај Табановце и Лојане не се оградени и не се поставени информативни табли. Притоа, на само 100-тина метри воздушна линија од јаловиштето се наоѓа основното училиште „Рилиндја“, во кое настава следат ученици од шесто до деветто одделение. Тие се изложени на опасноста од вдишување на арсенот, а за евентуална дислокација на учениците во други згради во Лојане, Ваксинце или Табановце, од Општина Липково ни рекоа дека во моментов нема можност да ги префрлат учениците на друга локација, бидејќи бројот на основци што ја следат наставата е голем.

Покрај огромниот проблем со кој се соочуваат учениците од Лојане и Ваксинце, на втората локација кај Табановце исто така демне опасност. Локацијата е до железничката станица во Табановце и до кампот за мигранти, така што крај ова место има фреквенција на луѓе коишто не се свесни за опасностите од портокаловата материја расфрлана околу неоградениот простор на депонијата.

Мета.мк беше сведок на пасење на домашни животни во кругот на рудникот „Лојане“, додека до самата депонија кај селото Табановце имаше ниви со засадени земјоделски култури. Треба да се напомене дека станува збор за населени места во кои огромен дел од населението се занимава со земјоделство, но и постои огромен процент на невработеност.

Проблемот со арсенот во селото Табановце може да биде уште пострашен во иднина, бидејќи во непосредна близина на депонијата треба да се гради заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија. На оваа локација, треба да бидат сместени железничките работници, полициските служби, царината, фитосанитарните служби од двете земји, но и на бројни граѓани оваа точка ќе треба да им служи како премин за влез и излез од земјава.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ