• Latest

Корекција: Амнезија, не амнестија!

November 1, 2018

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Корекција: Амнезија, не амнестија!

November 1, 2018 10:58
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

На преостанатите лојалисти на криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ им одговара само тотална амнезија, онаква во каква што живеат самите долги години. Не помирување, не амнестија, туку тотална амнезија. Контактот со реалноста не им е силна страна (на лојалистите). Тронот во партијата го држат грчевито до болка, немајќи ни еден друг резервен излез од ќорсокакот што самите го трасираа и во кој тврдоглаво ја туркаат целата партија, но и многу повеќе од тоа.

Кога жртвата подава рака

Не оди вака повеќе. Изгледа дека помирувањето им е несфатливо, едноставно, не им оди в глава таквиот концепт. Зборуваме за концепт што не е непознато за светот, а ни за Македонија. Тоа е она политичко помирување на кое повикуваше ЦИВИЛ уште од 2011 година, десет години по стартот на процесот за етничко помирување. Политичкото помирување често го споменуваше и легендарниот ЕУ амбасадор Ерван Фуере. По сѐ што се случи, со лузна на челото од напад врз неговиот живот, помирување понуди и премиерот Заев.

Ништо од тоа не им оди в глава. Или барем така изгледа. Нивната единствена реакција на сето тоа е – амнестија. Не разбираат или не сакаат да разберат дека некој што бил жртва, кога нуди помирување, потребни се широчина, доблест и визионерство. Особено ако жртвата веќе не е во ситуација да моли, туку го нуди помирувањето од победничка позиција. Неприфаќањето на подадената рака е знак дека на другата страна имате или луѓе со ограничени интелектуални способности или непоправливи, бесрамни и бескрупулозни престапници. Во двата случаи, плукаат на подадената рака.

Тврдоглавиот насилник и неговите ортаци

Влатко Ѓорчев од говорницата во Собранието и пред камерите се однесува како недозреан и тврдоглав насилник. Тој е како невоспитано дете што нема обѕири кон ништо и кон никого. Мавта наоколу со навреди и лаги, непрекинато меле една те иста прикаска во која сигурно и самиот верува, а тотално бесмислената врева што ја прави, нему му изгледа како човечки говор. Сиромашкиот, не може да сфати дека е смешен кога, со патетика во својот полуартикулиран настап од собраниската говорница, вели: „Ништо не преземавте за полнењето кутии за референдумот“.

Овој лик, Ѓорчев, беше и е дел од злосторничка дружина полнеше кутии, влечеше луѓе за врат, ги третираше луѓето како „човечиња“ (неговата министерка од МВРО) со години. Не еднаш, не два пати, туку со години. Не кажа кој, кога, на кои места полнел кутии, врз основа на кои наоди, уште поважно – какви наоди, со која релевантност… Ништо од тоа. Тој и неговите пајташи по криминал, ни малку суптилно, го вперуваат прстот кон Албанците. Без оглед на тоа дали тоа ќе го изговорат зборот Албанци сега или не, доволно јасно се гледа насоката на нивното обвинение, бидејќи премногу предрасуди и омраза раширија во изминатите децении. Го прават тоа да се подразбира. И да подразбира една низа шовинистички и екстремни националистички ставови. И треба да го „купиме“ тоа сега? За да можеме да кажеме дека има политички дијалог и да има „две страни“?

Обезвреднување на дијалогот

Добро знаат тие дека сѐ што ќе кажат лажат и манипулираат. Нивните напади се такви што ја обезвреднуваат секоја аргументирана дебата, разговорот со нив нема никаква вредност, како да зборувате во ветер. Знаат дека лажат. Тоа може да се забележи од нивните структурирани и добро планирани настапи и акции.

Не се глупави, иако изгледаат и звучат така. Тоа што постојано повторуваат едно те исто, не е знак на некоја ментална болест, туку е смислено, иако глупаво наметнување.

Ако ме прашате мене, им истекоа сите рокови. По сите обиди на кои одговорија со дивеење и насилство, сега само треба да се исклучат од сите разговори. Онака како што меѓународната заедница го изолира Мицкоски, така и сите останати треба, едноставно, да се соочат со последиците од криминалот и насилството што го спроведуваа(т). Да се соочат со полната сила на правдата и да им се затвори муцката, еднаш за секогаш. Тоа, бездруго, ќе им помогне и на онеправданите, а прогресивни луѓе во таа партија да дојдат по своето. Ако се разговара со вакви ликови, само се факторизираат, а партијата се држи во заложништвото на еден грст радикали.

Сега ќе ви го покачам притисокот… Под изговорот „Да се разбереме, Македонија е ова“, некаков вид амнестија, за жал, секако ќе има. Да се надеваме дека тоа што ќе се случи во наредните недели и месеци, нема само дополнително да ја урниса нашата надеж дека ќе видиме владеење на правото и правда за криминалците. Не велам дека се согласувам дури ни со делумна амнестија, но само сакам да се подготвам на изненадувања и да се обидам да најдам смисла во оваа голема и општа бесмислица.

 

 


фотографија во прилог на текстот: Александрос Стаматиу

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ