• Latest

„Корковадо“: Грејдерите за потребите на Армијата на РСМ не се исти со оној продаден во Србија

February 21, 2020
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Корковадо“: Грејдерите за потребите на Армијата на РСМ не се исти со оној продаден во Србија

February 21, 2020 16:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Српска компанија „Корковадо“, преку која беа набавени машини-грејдери за потребите на Армијата, денеска ги демантираше тврдењата за злоупотреби и неправилности при реализацијата на набавката, оценувајќи дека станува збор за „лаги и злонамерни манипулации со фактите“.„Разбирам што е политичка борба, но мојата компанија е обвинета во медиумите од страна на целосни незнајковци и луѓе кои не се разбираат во техника и машини, вели во демантот директорот на „Корковадо“, Дејан Станојковиќ.

Тој посочува дека грејдерите за потребите на Армијата биле продадени по цена од 197.000 евра за праче без ДДВ, како и дека овие машини и онаа што фирмата ја продала во Србија по пониска цена, воопшто не се исти.

Тие само изгледаат исто, како што сите грејдери на светот изгледаат исто. Постојат огромни разлики. Вашите грејдери имаат погон и на предните оски што не е случај со грејдерот во Србија. Само тој додаток чини 40.000 евра, се наведува во демантот. Во соопштението се посочува дека моторите во грејдерите набавени за нашата Армија, производство на еден од најдобрите производители во светото „Каминс“, се поголеми и помоќни од оние во машината продадена во Србија, како и дека поради дополнителниот хидрауличен погон со хидромотори на предните тркала, потребен е помоќен мотор, бидејќи тој покренува и дополнителна моќна и голема хидро пумпа, што автоматски го прави поскап.

„Вашите грејдери имаа мотори со моќност од 164 киловати, а грејдерот испорачан во Трговиште (Србија) има 125 киловати. Вашите грејдери имаат ЗФ-троник менувачи од германски производител (најдобри менувачи во светот), што не е случај со грејдерот во Србија. Вашите грејдери имаат „пливачки од“ на средниот и на предниот нож, што претставува врвна технологија и ретко кој производител ја има таа опција, се додава во демантот. Станојковиќ во соопштението посочува дека грејдерите за нашата Армија се и габаритно поголеми, што „злобните луѓе нема да го забележат затоа што не сакаат“.

„Секој кој и малку се разбира во техника ќе ги разбере овие наводи и ќе сфати дека машините воопшто не се исти. Напротив постои огромна разлика, но за незнајковците и злобните луѓе тоа не значи ништо. Купувачот поради ограничени средства купил многу поедноставна машина. Морам да напоменам дека кај вас имаше јавна набавка на која можеа да се јават сите продавачи на грејдери. Исто така, имаше и е-аукција на која учествуваа три фирми. Зошто не ги намалиле цените, ако моите грејдери се скапи. Напоменувам дека другите имаа многу повисоки цени и дека цената по која ги купивте грејдерите е исклучително добра, бидејќи доколку мојата компанија не беше на тој тендер, истите машини ќе ги платевте многу поскапо“, истакнува Станојковиќ во демантот.

ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека Министерството за одбрана преку јавна набавка набавило две тешки машини грејдери за потребите на Армијата од „Корковадо“ по цена од 232.426 евра по машина, додека, според партијата, истата компанија на српска институција и продала таква машина во вредност од 108.000 евра. На тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ уште вчера реагираше Министерството за одбрана тврдејќи дека во целата постапка за јавната набавка на грејдерите биле почитувани сите законски одредби.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ