пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Прашајте ги оние, што дигаат протести против мерките, што велат дека корона вирусот е лага, што не носат маски, се групираат и не држат дистанца, што се против казни за несовесните…зошто тогаш, не сакаат да одат на избори и да ја поразат оваa голема лага и „диктатура“?
Какво лудило еј. Немало корона, ама има опасност од корона -ако има избори. Дури и за ваква сериозна пандемија, од мвро-вмро, истиот пристап како и секогаш.
За беден политички ќар – прво го исмеваа вирусот и бараа избори, а после се уозбилија демек и бараа кризна, море вонредна состојба. Додека на терен, таму каде што имаат и институционална контрола – се практицира, поттикнува и охрабрува непочитување на мерките и неказнување. Сето тоа затоа што „здравјето на граѓаните е на прво место“?!
Постојано се тераат луѓето преку различни типови пропаганда да одат против разумот, дури и против сопственото здравје и на своите најблиски. Се шират лаги, се хушка незадоволство против институциите, се бара постојано олеснување на мерките, се поттикнува нивно кршење, се оправдуваат и организираат веселби, протести, верски обреди..Се прави се што може да не успее борбата против корона-вирусот. И на крај – нема успех. Но, не борбата против вирусот – таа е успешна, неуспех доживува лудилото. Каква несреќа. Пискотници до таван.
Но пак, образ-ѓон, тераат со лицемерието и „грижа за здравјето на граѓаните“. Затоа што мора да се купи време, да се залечат раните од овој пораз и успешноста на општеството, кое покажува доволна зрелост да се справи со ваква пандемија и покрај деструктивноста на еден значаен дел на луѓето, затруени од 5Г-то и алуминиумот што се шири од шампитата на мвро-вмро, а и од други, помоќни извори.
Но, избори ќе дојдат. За среќа – тогаш кога ќе им дојде време и ќе биде најбезбедно, а не тогаш кога сака вмро-мвро, началниците и лудаците.
А тогаш, ќе имаме шанса да се преброиме уште еднаш, кој е за вакво лудило, а кој за шанса, со сите грешки и несовршености, да се подобруваме, заедно да си го газиме патот и да одиме напред.