• Latest

Корона вирусот не ги одложува изборите, нема нови случаи, воведени дополнителни мерки

March 13, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Корона вирусот не ги одложува изборите, нема нови случаи, воведени дополнителни мерки

March 13, 2020 08:27
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нема нови случаи на заболени од корона вирус во земјава. Тестовите на сите кои вчера биле тестирани се негативни. Од деветтемина пациенти кои имат корона вирус и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, шест се во стабилна здравствена состојба, а кај тројца има лесно влошување – поотежнато дишење, но се уште не е потребна респираторна поддршка и се интензивира терапијата.

Владата на синоќешната седница требаше да усвои дополнителни и зајакнати мерки за заштита и превенција на населението. Новите мерки опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафетериите и рестораните ќе работат со скратено работно време до 18 часот и капацитетот внатре треба да биде преполовен, да се задржи дистанцата од метар и пол до два на луѓето кои што престојуваат таму. Се откажуваат и сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во јавните здравстевни установи се откажуваат сите хронични пациенти чија интервенција може да се одложи, остануваат само итни и неодложни интервенции, а истото важи и за прегледите. Ќе бидат набавени уште 50 респираторни машини, дополнителна заштитна опрема, 1.000 нови тестови и два мобилни апарати за рендген снимање.

Надлежните апелираат на почитување на забраните и препораките, да се внимава и да не се продуцираат и пренесуваат лажни и непроверени вести, а медиумите да соопштуваат информации исклучиво од институциите. Тврдат дека од јавноста не е сокриен ниту еден податок и оти се работи транспарентно.

Во меѓувреме, продолжува комуникацијата и координацијата со СЗО, други земји и меѓународни организации. Заради глобалната закана од овој вирус и потребата од заеднички одговор, во МНР вчера беше одржан брифинг со странските диломатски претставници во земјава на која се разменети информации за состојбата со Ковид-19.

По вчерашната средба на премиерот Оливер Спасовски со лидерите на политичките партии извесно е дека корона вирусот, ако состојбата не ескалира, нема да ги одложи изборите на 12 април. Партиските лидери се согласија дека здравјето на граѓаните е најважно и ветија дека ќе ги почитуваат препораките. Ќе водат изборна кампања без митинзи, преку социјалните мрежи и мас медиумите.

Евентуалните економски последици од корона вирусот, пак, ќе се решеваат во соработка на Владата со бизнис заедницата. Владиниот економски тим и претставниците на стопанските комори на синоќешниот состанок заклучија дека ширењето на корона вирусот е заеднички проблем, што треба заедички да се решава.

Бизнис секторот и со апел до граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот, но да не подлегнуваат на панично купување прехранбени и други производи.

Народната банка советува да се избегнува користење готовина и плаќањата да се вршат со платежни картички, да се избегнуваат посети на експозитури и филијали на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците, и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство. 

Превентивни мерки и поголема заштита се бара и за новинарите и медиумските работници кои известуваат во услови на епидемија на заразни болести. Од ЗНМ и ССНМ соопштија дека од исклучителна важност е новинарите безбедно да ја вршат својата работа, земајќи предвид дека поради природата на новинарската професија дел од нив директно се изложени на контакт со луѓе на отворен и затворен простор. Со соодветната заштита на новинарите ќе се овозможат предуслови за објективно информирање на граѓаните во услови на здравствена криза, укажуваат од новинарските здруженија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ