Владата на Косово донесе одлука за делумно остранување на таксата кон Србија Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека е изгласано остранувањето на таксата за увоз на суровини од Србија и Босна Херцеговина.
-Со десет гласа и два воздржани беше изгласано Решението за ослободување на тарифата од 100% за увоз на суровини. Од први април, Владата на Косово ќе донесе друго решение за воведување на мерките за реципроцитет во замена на досегашната тарифа од 100%- напишал Курти.